Како до подобра меморија?

Луѓето сакаат да се шегуваат дека единственото нешто што се учи на училиште е како да се помнат податоци. Ако прашате некого како да ја подобрите меморијата, најверојатно ќе добиете одговор – со повторување. Но, ако сакате да запомните нешто брзо и целосно, повторувањето не e единствениот начин за тоа. Во продолжение погледнете кои се и другите начини за јакнење на меморијата, што ќе ви овозможат полесно да запомните огромен број информации за кратко време.

Како до подобра меморија?

1. Подгответе ја околината

За да постигнете најдобри резултати, најпрвин треба да најдете соодветна просторија за учење. Тоа за многумина значи мирно опкружување, но постојат и такви кои подобро учат на јавни и бучни места. Одберете го местото кое вам ви одговара најмногу и може да започнете.

Откако ќе го решите тој чекор, направете си чај. Безброј научни студии потврдуваат дека зелениот чај е природен катализатор за подобрување на меморијата. Технички, способноста за потсетување на одредени информации се сведува на врските помеѓу невроните, кои се поврзани со синапси. Колку повеќе ги вежбате синапсите (повторување), толку посилни стануваат, што пак резултира со зголемена меморија.

Со стареењето, токсичните хемикалии ги уништуваат невроните и синапсите, доведувајќи до губење на меморијата, па дури и до појава на Алцхајмер. Зелениот чај, содржи супстанци кои ги уништуваат таквите токсични хемикалии и со тоа мозочните ќелии правилно функционираат многу подолго од вообичаено.

2. Снимајте го гласот

Ова е особено корисно доколку се трудите да запомните нешто кажано на предавање. Користете диктафон за да го снимите предавањето, а потоа слушајте го и забележете ги сите споменати факти. Доколку пак, се обидувате да запомните некој говор, снимајте се себеси како го читате говорот и потоа слушајте се. Секако, ова е најлесен начин на учење за оние со аудитивна меморија, но е исто така многу практично, бидејќи вака полесно го согледувате контекстот на предавањето, што пак прави информациите полесно да ги научите.

3. Запишувајте сè

Пред да се потрудите да се сетите на некои работи, земете пенкало и запишете ги информациите кои сакате да ги запомните. Вака полесно ќе сфатите што всушност сакате да меморирате. Доколку ова го правите додека ја слушате снимката направена претходно, дотолку подобро.

Како до подобра меморија?

4. Класифицирајте ги белешките

Откога фативте подробни белешки, класифицирајте ги според темата. Ова е идеално за луѓе со визуелна меморија, особено ако се користат различни бои за различни секции. Ова ќе ви ги направи нештата појасни и ќе ги класифицира информациите кои веќе мозокот ги примил во претходните фази.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар