Како до одлични организациски вештини?

Кога ќе одлучите да започнете со нешто ново, секогаш ќе постојат низа на препреки кои мора да ги поминете за на крајот да можете да бидете успешни. Кога ќе решите да започнете со вашата кариера, треба да бидете подготвени за соочување со различни видови на предизвици, но и да знаете да ги идентификувате способностите кои ќе ви бидат потребни за напредок. Една од тие способности кои ќе треба да ги развиете, се и организациските вештини. Тие понекогаш можат да бидат малку потешки за стекнување, но со тек на време преку следење на неколку едноставни совети, ќе можете и вие да ги совладате.Како до одлични организациски вештиниПроценете ги вашите сегашни стратегии – Размислете добро како се справувате со вашите секојдневни обврски. Дали веднаш ги одредувате вашите приоритети и започнувате со работа, или пак оставате на „судбината“ да одлучи за вас? Оценете ја вашата моментална работа и притоа обидете се да бидете малку подисциплинирани од вообичаено.

Како до одлични организациски вештиниЗапочнете полека – Откако целосно ќе го запознаете вашиот начин на работа, треба да започнете полека да го менувате кон подобро. Со развивање на вашите организациски вештини таа цел многу полесно ќе ја постигнете. Секако мора да започнете со полесни задачи, бидејќи ако започнете со нешто преголемо и притоа не успеете – големи се шансите дека ќе се обесхрабрите и ќе се откажете. Одредете си неколку едноставни дневни задачи и обидете се да ги завршувате на време.Како до одлични организациски вештиниНаправете повеќе слободно место во работниот простор – Редовното расчистување на просторот во кој работите, е прв знак дека сте на добар пат кон стекнување одлични организациски способности. Тргнете ги непотребните работи и наредете ги оние кои ви се потребни така што ќе ви бидат на дофат. На овој начин ќе можете побрзо да ја завршувате вашата работа и дефинитивно нема да имате потреба да барате нешто обично како пенкало цел час пред да започнете со вашите работни обврски…Како до одлични организациски вештиниРаботете чекор по чекор – Направете кратка шема каде што ќе ја поделите вашата работа во неколку чекори и потоа обидете се да ја следите. На овој начин ќе си ја олесните работата, но и ќе си помогнете така што на крај кога ќе ги проверувате добиените резултати, ќе можете побрзо да пронајдете грешки и неправилности.Како до одлични организациски вештиниИмајте самодисциплина – Таа е клучна доколку сакате да бидете поорганизирани. Започнете така што ќе си направите листа на работи кои мора да ги завршите во текот на денот на денот. На пример, организирајте ги вашите документи, исчистете ја темелно областа во која работите… Ова ќе биде почетокот при формирањето на вашата самодисциплина. Можете да се обидете и со техниката наречена „не крши го синџирот“ која може многу да им помогне на вашите новостекнати навики да ви доаѓаат природно.Како до одлични организациски вештиниНаучете како да ја распределувате работата според важноста – Многу е важно да научите да проценувате кои задачи се поважни од останатите, за кои ќе ви биде потребно повеќе време да ги завршите или пак кои бараат повеќе внимание од вас. Не заборавајте дека без оваа способност нема да можете никогаш во целост да ги развиете вашите организациски способности.Како до одлични организациски вештиниОдредете ги целите и придобивките – Понекогаш поефективно ќе работите ако се мотивирате од „наградата“ која ве следува на крајот. Кажувајте си постојано на себеси што ќе добиете откако ќе завршите со тешката работа. На пример, ветете си нови обувки, книга или облека доколку завршите сè на време (или предвреме). Поставувањето цел која сакате да ја постигнете, може да ви помогне да останете организирани во текот на работата, како и побрзо и поквалитетно да ја завршите вашата работа.Како до одлични организациски вештиниНаучете да категоризирате – За почеток, означете ги сите документи, така што ќе употребите различни бои за различни категории. Нешто слично направете и со компјутерските податоци. За многу брзо време ќе научите што каде припаѓа и нема да имате потреба понатаму да означувате. Категоризирањето и организациските вештини одат „рака под рака“ така што доколку едното го совладате, нема да имате потешкотии при совладување и на другото.Како до одлични организациски вештини


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар