Како до брза промена на вашето расположение?

Имате лош ден? Уште утрово нешто ви тргна наопаку? Не е ни пладне, а вие се чувствувате уморно и безволно? Не предавајте се, нема потреба да го чекате наредниот ден за да почнете одново, нема потреба да го изгубите целиот ден тонејќи во негативни мисли и безделничење, туку во истиот момент променете си го расположението и направете си го денот подобар!

Како до брза промена на вашето расположение?

Редуцирајте ја негативната енергија – опуштете се, ослободете се од лошите мисли, излезете надвор и земете воздух. Тргнете ги од глава сите нешта кои ве вознемируваат и ви носат негативна енергија, на тој начин ќе направите простор за позитивните и убави мисли.

Простете – заборавете на лутината која сте ја држеле во себе подолго време, ослободете се од омразата и не мислете лошо никому, туку мислете добро за себеси. Фокусирајте се на убавите нешта и добрите луѓе во вашиот живот, потсетете се на сите оние работи кои сте ги направиле феноменално, на сите среќни мигови и неодамнешните успеси. Бидете горди самите на себе!

Останете организирани – започнете со средување на вашата соба, вашиот дом, проветрете ги просториите, средете си ја облеката, направете промена во распоредот на мебелот, промена која ќе ви годи. Средете ги старите спомени, слики, писма. Направете си распореди и потсетници, бидете активни, делувајте организирано и подготвено. Завршете ги сите обврски кои ви биле предвидени за тој ден и имајте план за наредниот!

Музичка терапија – пуштете ги вашите омилени песни, влезете под туш и пејте гласно. Направете си го омилениот пијалак и продолжете со пеење. Нека не ви е грижа за тоа дали изгледате глупаво или смешно. Научете ја кореографијата на вашата омилена песна и танцувајте. Забавувајте се самите без да ви биде грижа за ништо.

Смејте се без причина – оние кои се смеат без причина не се луди. Напротив, научниците тврдат дека кога се смеете без разлика дали сте среќни или не, вашето расположение се подобрува. Смејте се гласно дури и кога не ви е до смеење, зашто чувствата следат по делата.

Повикајте ги најблиските – Кога расположението не ви е баш на високо ниво, не останувајте долго сами. Одберете ги најпозитивните личности во вашиот живот и излезете на прошетка, напијте се кафе и сетете се на сите лудории кои сте ги направиле заедно. И се разбира, одете на купување зашто добар шопинг со пријателите не може никако да ви наштети.

Научете да речете „не“ – Свртете го вниманието кон себе и фокусирајте се на своите проблеми. Научете да го одбиете она што не ви одговара, научете да речете „не“кога некој од вас бара услуга за која ќе изгубите многу од своето време и која ќе ве спречи да ги следите своите интереси.

Послушајте го детето во себе – направете неколку неразумни детски работи кои би ве направиле среќни. За момент заборавете дека не сте веќе дете и препуштете ù се на детската радост.

„Купете“ си среќа – можеби среќата со пари не се купува, но купувањето на некаква навидум мала и безначајна работа може да ве направи многу среќни. Купете си некаква ситница која ќе ви го промени расположението, како вашето омилено чоколадо или ќесичка гумени бонбони.

Направете листа за благодарност – Научете како да бидете благодарни за нешто секој ден. На крајот од денот направете листа од сите добри случувања, листа која ќе ги содржи сите оние работи за кои сте благодарни бидејќи ви се случиле токму вам тој ден.

„Среќата е како пеперутка, колку повеќе трчаш по неа, толку повеќе бега од тебе, затоа свртете го вниманието кон други работи и кога најмалку ќе очекувате, таа мирно ќе ви долета на рамо,“ – Хенри Дејвид Торн, американски автор, поет и филозоф.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар