Како да знаете дека тој би бил добар татко?

Конечно помислувате дека сте го нашле вистинскиот. Тој е речиси совршен, сè што некогаш сте посакувале. Ќе дојде со вас во вегетаријански ресторан иако би убил за голем хамбургер, или ќе ве чека со часови пред бутици додека завршите со шопингот. Проблем? Се замислувате во иднина со него, но не сте сигурни како би се снашол во улогата на татко.

Како да знаете дека тој би бил добар татко?

Постои разлика помеѓу грижлив и посветен татко и друг кој не е толку грижлив и емоционално отворен со своите деца. Модерниот, грижлив маж знае дека единствената негова работа не е да го „носи лебот дома“ и да биде емоционално недостапен во остатокот од денот. Грижливиот татко ќе оди на родителски средби, ќе ги чува децата и нема да пропушти ниеден натпревар или претстава. Тој е оној кој ќе го исклучи телевизорот за време на ручек, бидејќи знае дека тоа е време за семејството.

Го бараме невозможното? Не баш. Такви мажи постојат. Еве како да знаете дека и вашето момче е еден од нив.

До кој степен ѝ е посветен на работата?

Можеби градењето на неговата кариера го исцрпува и му одзема многу време. Разбирливо е некогаш едноставно да нема време за многу работи. Но дали е таков постојано? Дали постојано ја носи работата со себе и по завршувањето на работното време? За да биде грижлив татко, присутен за своите деца, тој мора да развие способност обврските едноставно да ги остава на работа, а слободното време да му го посветува на семејството.

Колку е инволвиран во вашиот живот?

Речиси секогаш ви нуди помош? Знае што ви се случува, какви проблеми имате во моментов? Маж кој ќе ве однесе на лекар, ќе ви ја смени гумата од автомобилот, кој е заинтересиран за случувањата во вашиот живот и активно инволвиран во истиот, има потенцијал да биде одличен татко. Тој ќе биде исто така, дури и повеќе грижлив и внимателен кон своите деца. Ќе се труди да биде инволвиран и ќе знае што се случува, а нема да се однесува како странец.

Како да знаете дека тој би бил добар татко?

Дали има пријатели кои веќе имаат деца?

Како реагира во присуство на деца? Како се однесува со децата на своите пријатели? Како реагира на приказните кои родителите ги раскажуваат за своите деца? Дали неговите реакции се, Леле па тие немаат никаков социјален живот, или Одвај чекам и јас да имам едно? Останува самите вие да си дадете одговор на овие прашања.

Каков е неговиот однос со татко му?

Каков е или каков бил неговиот однос со татко му? Дали кон него чувствувал стравопочит, дали често бил изреволтиран и бесен на својот татко, за што најмногу имале несогласувања? Голема е веројатноста дека проблемите кои ги имал со својот татко ќе ги пренесе и на своите деца. Односот кој го имал со татко му, со сигурност ќе влијае на неговиот однос како родител. Доколку има неразрешени проблеми со својот татко, помогнете му да им стави крај, за да не ги пренесе и на децата кои во иднина би ги имале.

Како да знаете дека тој би бил добар татко?

Како се справува со неочекувани моменти и промени?

Како се однесува која ќе дојде до ненадејна промена на планот, кога ќе се случи нешто неочекувано? Дали реагира бурно и нервозно или смирено се труди да ја поправи ситуацијата? Улогата на родител носи многу неочекувани моменти и ситуации. Преку одредени ситуации во сегашноста, ќе знаете како тој би се справил со нив.

Никој со сигурност не може да каже колку добар родител би бил. Тоа е нешто што мора да се искуси. Најчесто луѓето покажуваат една целосно поинаква страна откако бебето ќе се роди. Но постојат многу показатели во сегашноста според кои ќе имате претстава колку тој би бил успешен во улогата на татко, колку би бил заинтересиран и инволвиран во целиот процес на одгледување на децата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар