Како да знаете дека сака сериозна врска?

Оформувањето здрава и силна љубовна врска бара време. Секој поминува низ многу искуства додека го најде човекот кому е спремен да му се посвети. Но, дали ви се случило да помислите дека сака сериозна врска со вас, кога во суштина има друга намера? Или можеби сосем обратно, вие сте целеле кон авантура додека тој мислел на нешто сериозно? Ова се дел од знаците кои покажуваат дека со вас има сериозна намера.
Како да знаете дека сака сериозна врска?

Не брза

Доколку со вас сака само авантура, тогаш веднаш ќе побара нешто повеќе. Но доколку оди полека, чекор по чекор, сака да излегувате и да се запознавате, тогаш најверојатно внимателно го испитува секој свој чекор и не сака да брза бидејќи навистина му се допаѓате. Не секогаш тоа што не брза е потенцијален показател дека сака сериозна врска со вас, но сепак е важно да се има на ум.

Ве запознава со пријателите и семејството

Доколку излегувате месец или два, а сè уште не ве запознал со пријателите, тоа може да биде показател дека не цели кон нешто сериозно. Но доколку сака врска со вас би сакал да ве запознае со неговите блиски.

Не брзајте и не инсистирајте на ваков чекор. Доколку гледате дека поттикнува таква иницијатива, индиректно охрабрете го, а потоа запознајте го и вие со вашите пријатели. Тоа е одличен начин на започнување здрава врска.
Како да знаете дека сака сериозна врска?

Се прилагодува на вашиот распоред

Најчесто мажите се држат до своето его и своите принципи да не отстапуваат од распоредот поради девојка. Но доколку сака да знае што правите во слободно време, кога имате пауза на работа и слично, тој сака на некој начин да „упадне“ во вашиот распоред и да се зближи со вас. Играјте ја и вие таа игра. Дозволете му да ве земе од работа, да дојде со вас во маркет и слично.

Исто, добар знак е доколку откаже некој негов план за да биде со вас. Ако понекогаш сака да се прилагоди на вашиот распоред, тоа значи дека е спремен да се прилагоди и на вашиот начин на живот.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар