Како да знаете дека храната дома не ви е расипана?

На високи температури, бактериите во храната брзо се развиваат и многу е важно да обрнувате внимание колку вашите намирници дома се свежи. Овошјето и млечните производи во ладилникот можат многу лесно да скапат, а најголемата опасност доаѓа од труење со салмонела преку месото и јајцата.Како да знаете дека храната дома не ви е расипанаСекогаш купувајте сезонско овошје. Тоа е секогаш најсвежо, најздраво и највкусно. Никогаш не претерувајте во купувањето на поголема количина, секогаш купувајте помалку, а почесто, за постојано да консумирате свежи плодови. Пред да го сместите овошјето во ладилникот, убаво проверете да не има некој скапан или оштетен плод, па доколку има такви ослободете се од нив. Јаболката секогаш држете ги настрана од останатите намирници, бидејќи киселината која ја содржат предизвикува скапување.

Зеленчукот е поиздржлив од овошјето, но и зеленчукот не ги поднесува топлите денови. Ова особено важи за зелените плодови, па така спанаќот, краставиците, брокулите, грашокот, марулата и билките кои се користат како зачин треба да ги консумирате многу брзо откако ќе ги купите.

Свежата риба ќе ја препознаете по седефастата боја, влажната кожа, бистрите очи и тврдиот стомак. Најдобро е за време на летните месеци да ја купувате директно од риболовците или замрзната.

Во летните месеци месото е чест предизвикувач на здравствени проблеми. Затоа одбегнувајте скара, а свежото месо купувајте го само од прометните месарници. Покрај бојата, обрнете внимание и на мирисот на месото.

Преку тенката лушпа на јајцето, бактериите лесно продираат, затоа купувајте ги само од продавница и проверувајте го датумот кој се наоѓа на амбалажата. Кога ќе го скршите јајцето, помирисајте ја жолчката. Доколку има непријатна арома, фрлете го јајцето веднаш.

Млечните производи исто така можат да бидат опасни доколку стојат надвор од фрижидерот, дури и кога не се отворени. Покрај тоа, отвореното млеко или павлаката остануваат свежи само неколку дена за време на летото, додека за време на зимскиот период можат да издржат повеќе. Киселиот вкус е сигурен доказ дека нешто не е добро со млечните производи.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар