Како да знаете дали пиете премногу алкохол или само навистина сакате да се забавувате?

Празниците поминаа, па време е да се престане со претераното пиење. Но што ако оваа апстиненција е привремена и трае до наредната прилика за пиење? Што ако прекумерното пиење постои и кога нема повод за прослава? Бидејќи првите месеци од годината се период на подобрување за многу луѓе, голема е веројатноста да сте се запрашале дали имате проблем со алкохолот.

Како да знаете дали пиете премногу алкохол или само навистина сакате да се забавувате?

Можеби дури си имате кажано дека не постои проблем бидејќи можете да престанете кога сакате. Но, секој човек многу лесно може да развие зависност кон легални и нелегални супстанци. Некои стимуланси (како кокаинот) прават мозокот веднаш да премине во фаза на зависност. Истото важи и за прекумерното консумирање шеќер. Постои и зависност од видео игри и порнографија. Без разлика за што станува збор, едно е сигурно – ако забележите дека имате проблем, време е да преземете нешто.

Сигурно се прашувате како да знаете дали сте алкохоличар или зависник. Ова се 7-те знаци на зависност на кои треба да внимавате:

1. Не можете да мислите на ништо друго освен на активноста, супстанцата или предметот. Ова може да резултира со испуштање предавања и часови, отсуство од работа или некои важни настани.

2. Потребно ви е сè повеќе од супстанцата или активноста за да го почувствувате истото задоволство.

3. Продолжувате да ја користите супстанцата иако сте свесни за негативното влијание на вашиот живот.

4. Вашето однесување не може да се спречи дури и кога се обидувате. Всушност, постои и физичка привлечност кон супстанцата.

5. Ако прекинете со однесувањето на краток период, тоа резултира со раздразливост или депресија.

6. Имате „дупки“ во сеќавањето кога сте биле под дејство на супстанцата.

7. Поминувате сè помалку време со пријателите и семејството. Се зголемува изолацијата.

Зад зависноста обично се кријат поголеми скриени проблеми како анксиозност, депресија и ниска самодоверба. Исто така зависноста може да биде последица и од физичка или емоционална злоупотреба. Зависноста станува начин на справување со главниот проблем. Ако сте се пронашле во барем 1 од 7-те симптоми, добро е да побарате мислење од личност која добро ве познава. Среќниот живот може да биде ваш кога на прво место ќе го ставите вашето здравје, а не супстанцата. Кога ќе си признаете дека имате проблем и кога ќе се соочите со него, сте направиле голем чекор. Побарајте професионална помош, поддршка и желба да созреете како никогаш досега. На овој начин ќе создадете сила која ќе ве води низ животот и ќе ви помага.

Прочитајте и што ќе се случи ако целосно се откажете од алкохолот.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар