Како да заштедите време и пари кога ја организирате својата свадба?

Како да заштедите време и пари кога ја организирате својата свадба?

Организирањето на свадба може да биде пекол. Тоа е безнадежен обид еден ден во животот да го претворите во најсреќен дотогаш, а за тоа не ви доволен партнерот туку ви требаат многу храна, алкохол, музика, цвеќиња, балони, покани и уште триста чуда. Сето тоа чини многу пари и бара доста време и нерви за да го организирате, освен ако обрнете внимание на овие неколку работи и совети од оние кои поминале низ ова.

Како да заштедите време и пари кога ја организирате својата свадба?

Се памети чувството

Ако ги прашате оние кои одамна направиле свадба што најмногу паметат од неа, тие ќе ви речат дека тоа е начинот на кој се чувствувале. Ако вие, ако до сега не сте направиле свадба, се запрашате што паметите од оние на кои сте биле гостин/ка, ќе сфатите дека паметите само како сте се чувствувале на оваа или онаа свадба. Не ви е веќе важно кој каков фустан имал, каква била тортата или какви биле поканите. Памтите само дали ви било убаво тој ден. Затоа нема потреба да фрлате многу пари на најскапите споредни предмети кои не се битни ниту на самиот ден, ниту се паметат.

Вложете во добрата забава

Очигледно дека за да ја паметите свадбата по добро потребно е да организирате добра забава откако ќе заврши венчавката. Затоа вложете во добар ресторан и во добар бенд. Секако, и тие не мораат да бидат најскапите. Доколку тоа ви одговара, ди-џеите се уште поевтини.

Не мора да имате премногу гости

Трошоците и времето за организирање многу зависат од бројот на гостите. Не мора да имате некоја од оние свадби на кои младоженците познаваат само половина од гостите. Поканете ги оние кои ви се поблиски во моментот и споделете ја својата радост со нив. Оние кои не ви се толку блиски ќе се мислат дали да дојдат, а и ако дојдат тоа ќе биде само од љубезност, а не од блискост. Сигурно и вие сте биле во таква ситуација кога ве канеле на свадба.

Како да заштедите време и пари кога ја организирате својата свадба?

Размислете за почитувањето на свадбените обичаи

Реално, на колку свадби сте биле, толку различни свадбени обичаи сте виделе. Тоа покажува дека немате некоја силна обврска да ја почитувате традицијата и да ги испочитувате сите свадбени обичаи и да ги купите сите предмети за да ги испочитувате. Тие не само што не се неопходни, туку додаваат и дополнителни трошоци. Не е фер и кон вас да се потчинувате на барање да правите нешто што не ви се прави, па на крај и да си платите за тоа.

Заштедете на фустан

Венчалните фустани чинат многу десетици илјади денари и затоа звучи разочарувачки тоа што ќе го облечете само еднаш во животот. Најдобро ќе биде да заштедитесо тоа што ќе искористите некој сервис за инајмнување венчаници какви што веќе почнаа да се појавуваат и кај нас. Друга опција за заштеда е да нарачате фустан од кројач, а не е непозната и ситуација во која ќерката на својата свадба ја носи венчаницата на мајка си.

Заштедете на тортата

И онака ќе нема за сите од свадбената торта. Таа пред сè служи за сликање. Можете да купите поубава и помала која ќе ја изврши таа задача, а да имате на располагање уште неколку поголеми и поевтини од кои сите ќе каснат и нема да ви одземат премногу пари.

Заштедете време и пари на поканите

Поканите се забораваат многу брзо и многу лесно. И на крај сите одат во корпата за отпадоци. Вреди ли да губите време и пари во изборот?

Избегнувајте ги списанијата и ТВ емисиите за свадби

Списанијата и ТВ емисиите за свадби имаат доста предлози да понудат и доста работи да ви продадат. Избегнувајте ги додека не си купите или организирате сè. Не дозволувајте тие да направат да очајувате по кој знае каков фустан. Не се ставајте во состојба да губите време барајќи ги совршените чевли, кои ако воопшто ги најдете веројатно ќе треба да издвоите многу повисока сума за нив. Купете нешто во кое вие ќе бидете „вие“.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар