Како да воспоставите баланс помеѓу љубовта и напорните обврски во 20-тите години од животот?

20-тите години од животот се како возење на брз, напорен, бурен и емотивен ролеркостер. Во овој период треба да се пронајдеме себеси, да изградиме кариера и да се прилагодиме на светот на возрасните. Многу млади луѓе работат за викенди и истовремено одат на јога, пилатес, редовно присуствуваат на семејните собири, одат на родендени, ги завршуваат домашните обврски… На листата ѝ нема крај! Мора добро да си го организирате животот, бидејќи во спротивно животот ќе ве организира вас. Доколку се наоѓате во оваа ситуација, прочитајте ги следниве неколку совети што ќе ви помогнат да воспоставите баланс меѓу љубовта и напорните обврски дури и да сте најзафатената личност во градот…

Како да воспоставите баланс помеѓу љубовта и напорните обврски во 20-тите години од животот?

Одберете си фитнес рутина што ќе ви одговара

Сите знаеме дека вежбањето ослободува од стрес. Кога ќе завршиме со тренингот, се чувствуваме исполнети и задоволни. Најдобро би било да закажете неколку часа неделно, бидејќи на тој начин ќе имате точно определен период од денот кога ќе можете да се посветите на остварувањето на вашите фитнес цели.

Закажувајте на фризер и маникир додека сѐ уште сте во салонот

На овој начин никогаш нема да ја заборавите оваа обврска. Исто така, нема да се грижите дали ќе најдете време да отидете на фризер кога на вашата коса очајно ќе ѝ треба фарбање.

Научете да велите „Не“

Ова е многу важно правило. Немате супермоќи и не можете постојано да исполнувате сечии желби и потреби. Ценете си го времето и внимателно одбирајте на кои покани ќе одговорите потврдно.

Комбинирајте ги плановите

Многу е важно да ги негувате пријателствата во вашите 20-ти. Колку што сме позафатени, толку полесно е да изгубиме некои драгоцени пријатели затоа што не сме успеале да одвоиме време за нив. Ако можете да вметнете краток ручек или пијачка во вашиот натрупан распоред, сторете го тоа! Не мора да одвојувате време за целовечерно излегување. Користете ја секоја прилика за да се дружите со вашите најдобри пријатели.

Како да воспоставите баланс помеѓу љубовта и напорните обврски во 20-тите години од животот?

Максимално искористете ги викендите

Не се чувствувајте виновни доколку целиот викенд сте го поминале лежејќи и не правејќи ништо. Искористете го ова време за себе и правете ги работите во кои уживате. Не мора да излегувате ако не сте расположени. Слободно излежувајте се во кревет колку што сакате!

Љубовта ќе се појави тогаш кога најмалку очекувате – пречекајте ја со широко отворени раце

Кога конечно ќе ви затропа љубовта на врата, ќе треба да научите како да се откажете од некои работи. Не трошете време на дечкото кој ве завлекува и не сака да започне вистинска врска со вас. Заслужувате многу повеќе и буквално немате ни време ни енергија за такви губитници.

Научете како да поставувате граници

Без разлика дали станува збор за пријатели кои ве искористуваат или за обврски кои ви трошат премногу време, многу е важно да научите како да си ја зачувате енергијата. Кога вашето секојдневие ќе стане поедноставно, конечно ќе можете да уживате во животот. Почувствувајте ги позитивните вибрации и живејте со полни гради!

Прочитајте ги и овие 10 знаци дека постигнувате добар баланс меѓу работата и приватниот живот.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар