Навистина е здодевно да се мие косата секој ден. Доколку не сакате да го правите ова, можеби користите пудра или сув шампони за впивање на мастите кои се создаваат на коренот на косата. Белите пудри во прав се прифатливи за оние со светла коса, но темнокосите имаат проблем да ги скријат остатоците. Посоодветни се сувите шампони кои се доста скапи за толку честа употреба.
Можете многу лесно и евтино да си направите сами, сув шампон за третирање на косата измастена на коренот, кој покрај тоа што ќе ја впие маснотијата, ќе ви даде и малку волумен.
rn
Сув шампон за светла коса
rn
Потребно е:
rn
- rn011
- 40 грама пченкарно брашно
- 50 грама сода бикарбона
- 5-10 капки есенцијално масло (лаванда, црвен цитрон)
rn011
rn011
rn
rnСтавете ги сите состојки во еден сад и измешајте убаво со виљушка. Префрлете ја смесата во тегличка и употребувајте стара четка за шминкање за да ја нанесувате на косата.
rn
Сув шампон за темна коса
rn
Потребно е:
rn
- rn011
- 40 грама пченкарно брашно
- 50 грама какао
- 5-10 капки есенцијално масло
rn011
rn011
rn
rnСтавете ги сите состојки во еден сад и измешајте ги убаво. На крајот префрлете ги во тегличка, а може и во соларник за полесно нанесување.
rn
Како се користи сувиот шампон?
rnЗемете со четката малку од смесата и тапкајте на коренот од косата. Ќе изгледате како да ви е сива косата, но не грижете се, остатоците ќе паднат. Оставете неколку минути да се впијат маснотиите и потоа исчешлајте се. Стилизирајте ја косата како што сакате.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

