Како да си направите сопствен парфем?

Почитуваните дизајнери креираат парфеми со миризливи ароми, својствени за нив. Секако, цената на овие парфеми секогаш е многу висока. Па, зошто да не креирате  парфем и вие самите, кој ќе биде карактеристичен за вас, а притоа нема да трошите неколку илјади денари за едно шишенце?

Како да си направите сопствен парфем?

Кога правите ваш сопствен парфем, треба да имате на ум една важна работа, а тоа е: која арома се согласува со вашата телесна миризба. Луѓето кои се потат многу, треба да користат производ со суптилна миризливост, бидејќи комбинацијата од парфем и пот ќе направи човекот да мириза зајадливо. Од друга страна, оние кои не се потат многу, можат да користат силни парфеми, бидејќи нема потреба да се грижат за хемиската реакција од парфемот и секрецијата на телото.

Како да си направите сопствен парфем?

Еве што сѐ ви е потребно за да направите сопствен парфем:
  • алкохол, одберете високо квалитетна вотка
  • масло од лаванда
  • масло од бергамот (цитрусно овошје)
  • шишенце за парфем
  • мала тегличка

Маслата може да се купат во продавници за козметика, добро снабдени продавнички и во билни аптеки. Никогаш не ги купувајте поевтините, бидејќи тие ја немаат истата есенција како оние на кои цената им е повисока, па така вашиот парфем нема да трае долго.

Како да си направите сопствен парфем?

Тегличката наполнете ја со вотка и во неа ставете по десет капки од двете масла. Потоа затворете ја со капак и протресете ја дваесет пати, сѐ додека вотката и маслото не се соединат. Отворете ја тегличката и помирисајте. Ако мислите дека аромата не е доволно силна, ставете уште неколку капки од маслата, од двете масла исто капки, и така, сѐ додека не добиете мирис кој вам ќе ви се допадне. Така подготвена и затворена, ставете ја тегличката на темно и ладно место, на пример во шпајз, и оставете ја таму два дена. По два дена, земете ја тегличката и претурете од парфемот во соодветно шишенце избрано за таа намена.

Како да си направите сопствен парфем?

При подготовката на вашиот парфем, вие може да си избирате есенции од масла кои вам ви се допаѓаат и да ги комбинирате.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. vaska stoilova Reply

    toae nesto super bi trebalo poveke vakvi temiza kremi za lasioni koj sto znae da pise i sodvetnite da bidat istaknati

  2. dimitar Reply

    vo kolkava tegla da se stavi votkata ?

  3. Теодора Трповска Reply

    Димитар,
    Вотката треба да се стави во мала тегличка, како што пишува. Една мала тегличка собира 250 мл.

  4. Elena Reply

    A dali osven ovie dve masla mozi da se iskoristat i drugi i koi se tie?

    • Anonymous Reply

      Дали можат да се употребет и други масла? Кои се тие?

  5. smile Reply

    Elena,
    При подготовката на вашиот парфем, вие може да си избирате есенции од масла кои вам ви се допаѓаат и да ги комбинирате.

Остави коментар