Како да си направите домашно фото студио?

Како да си направите домашно фото студио?

Фотографирањето не мора секогаш да подразбира користење на скапи додатоци и интересни гаџети. Секако, така е многу позабавно, но исто како кога Џеки Чен ненадејно ќе се најде во тепачка, најважно е што ќе направите со она што моментално го имате во рацете.

За домашно фото студио потребни ви се само 5 работи:

  • прозорец
  • триногалка
  • блиц
  • картон за насочување на светлината
  • заднина

Како да си направите домашно фото студио?1. Поставете го вашето студио блиску до прозорец

За основа на вашето студио можете да употребите маса, шкаф или каков било мебел во домот кој има доволно рамна површина. Доближете го што е можно повеќе до некој прозорец во домот, но така што тој ќе го опфаќа страничниот дел на мебелот што го користите како основа за студиото. Прозорецот ќе биде вашиот главен извор на светлина.

Доколку светлината која доаѓа низ прозорецот е прејака, можете да ја омекнете со бели завеси. Доколку немате бели завеси, едноставно изберете дел од денот кога светлината не продира директно низ вашиот прозорец.Како да си направите домашно фото студио?

2. Поставете го вашиот апарат на триногалка

Има две причини за користење на триногалка:

  • ви овозможува да ја искористите светлината од прозорецот со подолга експозиција
  • ви овозможува подобра контрола врз поставеноста на вашиот објект на фотографија

Штом ја имате светлината од прозорецот, позадината и она што сакате да го фотографирате, нема повеќе да имате потреба да се поместувате или да го менувате аголот на фотоапаратот.

Доколку немате триногалка, можете да размислите да си набавите бидејќи се доста евтини во однос на останатата опрема за фотографирање. Исто така, како стабилизатор можете да употребите неколку книги или пак да ја поставите брзината на блендата на максимум 1/60 за да можете да сликате држејќи го фотоапаратот в рака.Како да си направите домашно фото студио?

3. Користете го блицот како секундарно светло

Многу е важно вашиот блиц да има подвижен стожер.

Употребете го блицот за да ги тргнете сенките кои ги создава светлото од прозорецот. Вртете го така што светлината ќе се одбива од страничните ѕидови или од таванот сè додека не го постигнете посакуваниот ефект. Оние со пластични капачиња за дифузирање на светлината се најдобри.

Најдобар ефект ќе постигнете доколку го насочите блицот зад вас. Тоа ќе ги отстрани прејако осветлените делови. За да го поправите јакиот ефект на светлината од блицот, можете да користите дифузер, кој лесно ќе го направите од кутивче за филм.

Доколку пак, добивате доволно светлина од прозорецот, не мора да го користите блицот.Како да си направите домашно фото студио?

4. Отстранете ги сенките со картон за насочување на светлината

Картонот за насочување на светлината е најевтиниот елемент во фото-опремата кој можете да го набавите. Земете бел мат картон или залепете купче хартија за печатење за да создадете имитација на картон.

Потпрете го картонот покрај предметот на фотографирање, веднаш надвор од сцената. Прилагодете го аголот сè додека рефлексијата од картонот не ги осветли сенките. Ова е едноставен трик кој има големо влијание врз изгледот на фотографиите кои ќе ги добиете.

Доколку пак, ги обмотате рабовите на парчето картон со станиол, никогаш повеќе нема да имате проблеми со сенките.Како да си направите домашно фото студио?

5. Направете интересна или незабележителна заднина

Дали ќе изберете невоочлива или интересна заднина, зависи од она што го фотографирате пред неа, но доколку направите комбинација од двата вида, не можете да погрешите.

Купете хартија за колажи која е многу евтина, а пакувањата доаѓаат со парчиња во многу бои кои одлично изгледаат како заднина за фотографирање на објекти, а се доволно ненаметливи за да го задржат вниманието на она што е пред нив.

Доколку фотографирате мал предмет, може да го потпрете на книга или на географска карта. Ова ќе ја направи заднината интересна, а сепак, ако длабочината на полето е доволно плитка, нема да го одвлекува вниманието. Како да си направите домашно фото студио?Толку. Со ова веќе сте подготвени да правите професионални фотографии во вашето ново фото студио. Притоа, пред да почнете со работа, не заборавајте да ја избалансирате белата боја на сцената, особено доколку користите колоритна заднина. За ова може да ви помогне пластично капаче од чашка.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар