Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

Никогаш не се знае во каква несреќна околност можете да се најдете. Бидејќи вашиот живот или животите на други луѓе може да зависи од вашата способност за снаоѓање во критични ситуации, битно е да бидете подготвени. Еве неколку совети за преживување во тешки околности:

Како да постапите ако ве касне змија?

И покрај тоа што сите сме виделе на филм како актерите наводно го вшмукуваат отровот и го плукаат, вие не се обидувајте да го правите тоа. На тој начин само ќе вшмукате повеќе отров. Повеќето убоди од змија не се фатални, па затоа не треба да паничите. Стравот ќе предизвика побрзи отчукувања на срцето, кои пак ќе го рашират отровот низ телото. Исчистете ја раната, како што тоа го правите за секоја друга рана. Потоа врзете врвка некаде помеѓу убодот и срцето, за да го спречите брзото ширењето на отровот. Веднаш побарајте медицинска помош, а доколку сте во шума и не можете да најдете доктор, излезете на пат и стопирајте возило.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

Што ако ајкула се обидува да ве нападне?

Обидете се да останете мирни за да не ве забележи ајкулата. Доколку сметате дека ќе ве нападне, удрете ја со тупаница или со некој силен предмет во очите или по шкргите. Ајкулите не сакаат да напаѓаат плен кој што возвраќа на ударот, па затоа најверојатно ќе отплива. Како и да е, за да го избегнете овој проблем, најдобро би било да не одите сами во длабокото, да не пливате во самрак или навечер, немојте да носите светли костими за капење и воопшто немојте да влегувате во вода доколку имате отворена рана.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

Како да се спасите ако ве брка мечка?

Немојте да и вртите грб на мечка или да се обидувате да и избегате, бидејќи таа ќе мисли дека сте плен кој треба да го брка. Не постои начин да бидете побрзи од мечка. И да се качите на дрво, таа ќе дојде по вас, од каде што ќе немате излез. Најдобра солуција ви е да легнете на земја и да глумите мртви. Мечката најверојатно ќе дојде да ве провери, можеби дури и ќе ве мава со канџите. Ако имате среќа, мечката ќе изгуби интерес и ќе ве остави.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

Што да правите ако автомобилот ви тоне во вода, а вие сте во него?

Прво и основно што треба да го направите е да ги отворите прозорците од автомобилот. Целта е водата да навлезе внатре, за да биде притисокот еднаков и внатре во автомобилот и надвор од него. Потоа ќе можете да ги отворите и вратите и излезете од автомобилот најбрзо што можете. Доколку пак, не можете да ги отворите прозорците, пробајте да ги скршите. Ако и тоа не ви успее, почекајте додека се наполни автомобилот со вода. Кога нивото на водата ќе стигне до вашата глава, притисокот ќе се изедначи. Задржете го воздухот, отворете ја вратата и отпливајте.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

Што ако ве фати молскавично време?

Она што не треба да правите е да седите на отворени места, под дрво или под јарбол, во подземно засолниште или на непокриени трибини. Немојте да се приближувате до метални огради или до вода. Исто така, подобро е да седите во поголема зграда, отколку во помала. Додека сте внатре, немојте да допирате ништо што спроведува струја, како рамки на прозорци, тушеви, цевки или олуци. Немојте да користите телефон, телевизор и компјутер. Ако во моментот сте во автомобил, затворете ги прозорците и обидете се да не допирате ништо што спроведува електрицитет.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

Што ако јазикот ви е залепен на замрзнат метален столб?

Ова не е опасно по живот, но сепак е болно и засрамувачки. Најдобар совет би било воопшто да не го лепите јазикот на замрзнат столб . Но, ако сепак решите да постапите така, не се обидувајте набрзина да го одлепите, бидејќи можете да откинете парче. Наместо тоа, ставете ги рацете (кои би требало да ви се во ракавици) на металниот столб за да го стоплите. Ако доволно се загрее, ќе можете полека да го одлепите јазикот. Ако имате топла вода во близина, полијте го јазикот за да се одлепи, но никако немојте да експериментирате со плунка или со ладна вода, бидејќи тие ќе се замрзнат и ќе ја отежнат ситуацијата.Како да си го спасите животот кога сте во неволја?

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар