Како да се заштитите од луѓе кои зрачат со негативна енергија

Како да се заштитите од луѓе кои зрачат со негативна енергија?

Дали сте ја имале таа среќа да се запознаете со некој кој шири позитивна енергија каде и да оди? Таквите луѓе се ретки, единствени и неверојатни.

За разлика од нив, во денешно време сѐ почесто ги среќаваме оние кои со самото свое присуство ја вшмукуваат цела енергија на луѓето во чие присуство се наоѓаат. Со секој направен гест, со секој изговорен збор, тие ја вдишуваат позитивната енергија на луѓето околу нив, оставајќи ги индиферентни или целосно истоштени. Сте запознале ли ваква личност? Веројатно да. А еве и како успешно да се справите со неа.

(1)-kako-da-se-zashtitite-od-lugje-koi-zrachat-so-negativna-energija-kafepauza.mk

1. Обидете се да ја подигнете нивната енергија

Искористете го фактот дека не сите кои припаѓаат во оваа група луѓе се свесни дека ја цицаат енергијата на другите. Според зборовите на д-р Џудит Орлоф во нејзиниот бестселер „Емоционална слобода: Ослободете се себеси од негативните емоции и трансформирајте го својот живот“, додека некои од нив се арогантни и неверојатно непријатни, други се пријателски расположени и шармантни. Оние кои припаѓаат на втората група се оние кои несвесно ја наметнуваат својата негативна енергија, па токму затоа и може да влијаете на нив. Некој убав збор, малку асистенција кон заземање попозитивен став и ќе успеете не само да ги расположите нив, туку и да ја задржите својата позитивност.

2. Кажувајте позитивни нешта

Песимизмот кој владее околу вас може многу лесно да ве обземе и вам. Сепак, негативната енергија се шири многу побрзо од позитивната. Но како и секогаш, постојат нешта кои што можат да компензираат за неа. Една од тие работи е да го вртите муабетот на позитивни теми така што ќе си дадете себеси простор константно да се потсетувате на убави работи. Тие ќе компензираат за негативноста наоколу, па вие ќе продолжите да се чувствувате убаво.

3. Дистанцирајте се од личноста

Некогаш едноставно нема друго решение освен да се оддалечите себеси од личноста којашто шири песимизам. Колку и да се обидувате да влијаете позитивно и/или да останете позитивни, некои луѓе едноставно нема да ве пуштат внатре. Тие ќе продолжат да ве истоштуваат и замараат сѐ додека не ја впијат цела ваша енергија оставајќи ве вас во никаква состојба. Тогаш не ви останува ништо друго освен да се тргнете себеси од нив. И притоа не треба да чувствувате никаква вина. Она кое не влијае добро на вас, не ви е потребно.

4. Насмевнувајте им се

Насмевката е најдобриот начин да го раширите својот оптимизам. Смејте се, споделувајте позитивна енергија, ширете убаво расположение. Бидете свои и ведри и не дозволувајте никому да ви го одземе тоа. Дозволете ѝ на вашата позитивна енергија да ги допре оние околу вас така што ќе ја споделите среќата која ја чувствувате. Вие ќе се чувствувате подобро, тие ќе се чувствуваат подобро и кој знае, можеби нечиј живот ќе се промени на подобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар