Како да се справите со променливи личности?

Автор: Ха.Бе.

Промената на расположението е природна појава. Сите ние некогаш можеме да бидеме вон нашата вообичаена здравствена или умствена состојба, да бидеме изнервирани, да имаме некои хормонални нарушувања или едноставно да сме пречувствителни. Некои луѓе дури и тврдат дека ги привлекуваат променливи типови на луѓе, кај кои непредвидливоста ја наоѓаат како интересна карактеристика.

Како да се справите со променливи личности?

Меѓутоа, ако сте личност со изградена интелектуална и емоционална стабилност, тогаш променливоста на луѓето најверојатно ја има изгубено својата привлечност, а променливиот пријател, колега или роднина, едноставно станува досаден и напорен, што резултира со замор и нервози кои влијаат и на вашето расположение. За да ги избегнете овие негативни ефекти без да ги избегнувате овие негативни луѓе, еве неколку корисни совети како да се справите со нив доколку не сакате да ги исклучите од вашиот живот:

1. Покажете им како е да се биде на другата страна

Ова не се однесува на тоа дека треба да им враќаме во иста мера на ваквите луѓе, но некогаш ако точно им покажеме како е цело време да се биде во друштво на таква личност, можеби ќе помогне во ситуацијата. Тогаш таквата личност ќе ги регистрира работите од ваша гледна точка.

2. Време за одмор

Ако сте постојано опкружени со променливи луѓе, без разлика дали тоа е пријател, член од фамилијата или колега, многу е важно да се тргнете настрана од нив одредено време. Многу е важно да се одморите и релаксирате оддалечени од нив. Ова ќе ви помогне да се осигурате дека вие сте си секогаш на прво место.

3. Продолжете со вашето вообичаено однесување

Треба да се обидете да се однесувате така како што вообичаено се однесувате, без да обрнувате внимание на нивното расположение. Во некои случаи постои причина за нивното однесување, но поголемиот број се однесуваат така што ќе привлечат најголемо внимание.

4. Учтиво дадете им до знаење

Бидете учтиви кога го правите ова и кажете ѝ на променливата личност дека постојано има промена на расположението во начинот на нејзиното однесување. Можеби ќе откриете дека личноста е комплетно несвесна за нејзините постапки, па со тоа што сте ѝ дале до знаење, таа ќе го промени своето однесување. Можеби дури и ќе ви ги отвори своите емоции и ќе ви даде до знаење која е причината за таквиот нејзин однос кон околината.

5. Размислете која би можела да биде причината за променливиот карактер

Кога ќе се конфронтираме со променлива личност, повеќето од нас ја обвинуваат неа, најчесто изградувајќи мислење во негативна конотација. Многу често ние не размислуваме дека таа личност можеби поминува низ тежок период; можеби во период на љубовни проблеми, жалост или други стресни ситуации.

6. Останете со позитивна енергија

Сите знаеме дека е тешко да се биде во друштво на променливи луѓе, но многу е важно вие да останете со позитивна енергија. Некои луѓе веруваат дека со својата позитивна енергија можат да влијаат на расположението на другите луѓе. Затоа останете среќни и оптимистични.

7. Не сте вие виновни

Луѓето често се обвинуваат себеси ако некоја личност е во постојано променливо расположение кога е во нивно опкружување, но вие не смеете да го правите ова. Не сте вие виновни за променливоста на нивниот карактер. Тие не заслужуваат, а уште помалку вие, да се одрази нивното однесување на вашиот личен живот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар