Како да се справите со проблематичните соседи?

Како да се справите со проблематичните соседи?

Многу соседи завршуваат дури и на суд како резултат на лоша комуникација. Ако се слуша гласна музика од станот на соседот, полицијата е веднаш очигледен одговор. Но, со добра комуникација, ќе заштедите пари, време и нерви. Еве неколку совети за справување со проблематичните соседи:

Како да се справите со проблематичните соседи?

1. Запознајте се!

Веќе нема дефиниција за добар сосед. Порано, соседите си помагаа во лошо, се радуваа во добро. Денес, во една зграда со 10 станови, има такви кои воопшто не ги познаваат своите соседи. Поздравувањето треба да е дел од секојдневното живеење. Притоа, не мора да сте многу блиски со сите соседи за да би планирале заедничко патување за годишниот одмор, но добро е да имате од кого да позајмите лажичка кафе наутро или две јајца за благото што веќе сте почнале да го правите. Сепак, проблемите полесно се решаваат кога луѓето барем волку се познаваат, нели?

2. Пресечете ги проблемите во коренот

Ако сакате да правите домашна забава, пристојно и убаво е да ги известите сите соседи кои тоа (гласната музика, тропањето) би ги засегнало. Потоа, дадете им го вашиот телефонски број, како би ве контактирале доколку се преминат границите на нормалното. Подобро е да ви се јават вам отколку на полицијата. Друга опција е да ги поканите и нив на вашата домашна забава. Ако дојдат, сигурно нема да се бунат.

Како да се справите со проблематичните соседи?

3. Документирајте го проблемот

Ако се појави некој проблем, почнете да го документирате – пишувајте забелешки за време, место, начин, па дури и сликајте фотографии. Ова ќе ви помогне на три начини:

  • да ја согледате (не)сериозноста на проблемот
  • да имате поткрепа пред соседот во случај да настане поголем проблем
  • и во случај работата да дојде до судските органи, ќе имате прецизно и внимателно организиран и евидентиран случај.

4. Зборувајте!

Озборувањето дома нема да помогне. Кажете му на соседот што е тоа што ви пречи. Не претпоставувајте дека тој треба да се однесува исто како што се однесувате вие во заедницата. Тој можеби воопшто не знае што е проблемот. Бидете отворени и директни, а не нервозни и агресивни. Разговарајте и понудете решение. Останете смирени и културни, дури и ако тој не се однесува така.

Како да се справите со проблематичните соседи?

5. Побарајте решение

Прашајте ги пријателите дали имаат сличен проблем, побарајте на интернет, распрашајте се, бидете активни.

6. Што мислат другите соседи?

Видете што мислат другите соседи за проблемот. На сите луѓе не им пречат истите работи. Но, можеби и други соседи ја имаат истата замерка како и вие или пак размислуваат исто како вас. Зборувајте прво со нив, па потоа заедно појдете на разговор со соседот кој често ги преминува границите со своето однесување. Доколку ова не помогне, разговарајте на куќниот совет или организирајте вонредна средба ако е тоа потребно.

Како да се справите со проблематичните соседи?

7. Стручен совет од адвокат

Ако веќе пробавте сè, побарајте совет од адвокат. Тој треба стручно да ви ги објасни можностите кои ги имате за да го решите проблемот со соседите. Адвокатот може да им испрати писмо со закана за покренување судска постапка. Но, ова треба да ви биде опција, само доколку не можете сами да излезете на крај со проблематичните соседи. Ваквиот потег ќе ве чини пари и може да додаде масло на огнот.

8. Свртете 192

Доколку вашиот сосед се занимава со некои нелегални активности кои се под надлежност на општината, можете да поднесете пријава таму. Но, ако и тоа не помогне, ви останува само да повикате полиција. Ова може да биде единственото решение на проблемот бидејќи ќе им покаже на вашите соседи дека немате намера да се откажете.

Како да се справите со проблематичните соседи?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар