Како да се справите со љубовните чувства кон колегата?

Како да се справите со љубовните чувства кон колегата?

Да се заљубите во некоја личност може да ви се случи каде и да сте, па дури и на работното место. Ваквата ситуација може да биде сплеткана, особено бидејќи многу фирми не поддржуваат љубовни врски помеѓу вработени. Појавата на чувства за ваш колега, има потенцијал да постане многу непријатна ситуација, поради многу причини. Постојат многу нешта кои треба да ги земете предвид пред да се решите да „бркнете“ некој ваш колега/колешка:Како да се справите со љубовните чувства спрема колегата?

1. Останете професионални

Без разлика како се чувствувате, „дружба си е дружба, служба си е служба“, и вие морате да останете професионални на вашето работно место. Ако почнете да го губите времето занимавајќи се со вашата симпатија, наместо да ги сработите вашите работни задачи, нештата може да станат многу грди, за многу кратко време. Доколку пак останете професионални, ќе си ја задржите вашата работа и работејќи ќе можете одвреме-навреме да го извадите вашиот колега од мислите. Ова е особено важно, доколку не сакате симпатијата да знае за вашите чувства.

2. Немојте да дозволите да ве искористува

Постојат типови луѓе, кои кога ќе забележат дека имате чувства за нив, почнуваат да ги злоупотребуваат и да манипулираат со вас. Во човековата природа е кога ви се допаѓа некој премногу, да посакате да му/ѝ однесете ручек или кафе или да направите некој друг симпатичен гест. Но, додека вие сте заслепени и заљубени до уши, вашиот колега може да си извлече корист од таквата ситуација, дури и доколку не се чувствува исто како вас. Додека вие мислите дека сте го освоиле неговото/нејзиното срце, тој/таа секојдневно ќе ужива во бесплатното кафенце, ручек и внимание од вас. Е таквиот расплет на ситуацијата, на никој не би му се допаднал, па ни вам.Како да се справите со љубовните чувства спрема колегата?

3. Гледајте на вистинската страна

Ова значи дека треба да избегувате занесно да зјапате во вашата симпатија додека сте на работното место. Расеаноста и заљубеното зјапање во него/неа, може да ги открие вашите емоции побрзо отколку што очекувате. Покрај тоа, многу е непрофесионално да зјапате така и тоа може да ви донесе некаква неволја.

4. Фантазии Vs. професионализам

Која некој многу ви се допаѓа, не е воопшто чудно да почнете да фантазирате за таа личност, сонувајќи дека еден ден ќе бидете среќни и заљубени. Исто така, не е чудно ако фантазиите ви го поматат чувството за реалност, особено кога работите во иста фирма со личноста по која „лудувате“, бидејќи секојдневно поминувате многу време заедно. Многу е важно да не одите на „седмо небо“ додека сте на работа. Стојте цврсто на нозе, останете реални и однесувајте се како вистински професионалец, кој умее да ја одвои работата од „валканите мисли“ за колегата/колешката.Како да се справите со љубовните чувства спрема колегата?

5. Соочете се со реалноста

Обидете се да размислувате трезвено за оние работи кои ви се најважни. Прво, каква е политиката на компанијата во која работите во врска со „канцелариските романтики“ и како би реагирал шефот кога би дознал за вашата врска? Второ, дали личноста која ви се допаѓа ги има истите чувства за вас? Трето, дали навистина верувате дека вие двајца би можеле да бидете во љубовна врска? Чувствата не се нешто што може да се контролира, но не дозволувајте тие да ви го поматат здравиот разум.

6. Однесувајте се кул

Пред вашата симпатија однесувајте се кул, смирено и прибрано. Немојте да бидете сентиментални, вештачки или премногу да се кикотите за нешто што тој/таа го кажал/а, а не е толку смешно. Едноставно не дозволувајте чувствата да ви влијаат да се однесувате на таков начин. Ако не можете да го спречите будалестото однесување, тогаш секогаш кога ќе забележите дека чудно се однесувате, правете се како ништо да не се случува со вас, особено ако морате да работите тимска работа.Како да се справите со љубовните чувства спрема колегата?

7. Можете ли да ги сносите последиците?

Доколку навистина сакате да започнете сериозна врска со личност која работи со вас, пред да го направите тој чекор мора да почнете да размислувате на последиците. Дали врската може да ја загрози вашата работа? Што ќе се случи доколку раскинете? Какви ќе бидат условите за работа во текот на вашата врска и какви би биле доколку раскинете? Ако желбата да бидете со таа личност „тежи“ повеќе од евентуалните последици, сепак, обидувајте се најмногу што е можно да го одвојувате професионалниот од љубовниот живот.
Како да се справите со љубовните чувства спрема колегата?Се случува „канцелариските врски“ да функционираат одлично и да не наштетат на работата на ниеден од партнерите. Но, доколку се случи „пеперутките во стомакот да умрат“ после некое време, целата ситуација може да стане многу непријатна и чудна, дури и ако не сте планирале така да биде. Вакви работи се случуваат и ретки се случаите кога приказната завршува како во филмовите.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. girl Reply

    ne e ubo taka

Остави коментар