Како да се спакувате за вашето патување

Пакувањето знае да биде многу напорна и исцрпувачка работа, особено поради фактот што секогаш сме во недоумица што да понесеме со себе. Еве еден краток водич, како успешно да се спакувате и да не се грижите пред вашето патување.Како да се спакувате за вашето патување

  • Направете план и придржувајте се до него

Започнете со создавање листа на работите кои ќе ви бидат потребни неколку дена пред патувањето. Напишете сѐ што ќе ви текне и дополнувајте го списокот во наредните денови со работите на кои додатно ќе се сетите. Листата ќе ви биде од голема корист да не испуштите нешто важно.
.

  • Облека

Пред да почнете да се пакувате добро размислете кои комбинации планирате да ги облечете во текот на патувањето. Спакувајте ги само оние парчиња облека кои се вклопуваат во вашите замисли и не дозволувајте повторно да се вратите дома со полн куфер облека која за џабе сте ја носеле со себе.Како да се спакувате за вашето патување

  • Козметика

Купете си мали пакувања од козметичките средства што ќе ви бидат потребни. Тие сигурно ќе ви бидат и повеќе од доволни, а ќе ви заштедат и драгоцен простор. Ставете ги во кеси и затворете ги убаво пред да ги сместите во посебни џебови од куферот. Не заборавајте и на фактот дека авиокомпаниите дозволуваат козметичките средства кои ќе ги понесете со вас во авионот, да бидат спакувани во амбалажи од максимум 100 милилитри.
.

  • Обувки

Секогаш размислувајте едноставно. Еден чифт елеганти чевли, еден пар спортски патики и едни удобни апостолски или папучи се сосема доволно. За по пат одберете ги оние кои ќе ви одговараат на облеката која ќе ја носите, а останатите спакувајте ги во кеса и искористете ги да го пополните празниот простор од куферот или сместете ги во посебен џеб.Како да се спакувате за вашето патување

  • Лекарства

Освен ако не идете на некое пусто место, не го полнете куферот со премногу лекарства. Понесете со себе само апчиња за главоболка, против повраќање и некој лек кој ви е неопходен. Пред тргнувањето истражете дали во близина на местото каде што ќе бидете сместени има аптеки.
.

  • Техника

Доколку не одите на некое службено патување, секогаш одбегнувајте да носите со вас премногу техника. Но доколку се решите да носите, погрижете се да е спакувана уредно и безбедно.
.

  • Ранец или помала патничка торба

Ранецот може да ви послужи во него да ги чувате пасошот и останатите документи на безбедно и достапно место. Доколку патувате на подалечна дестинација, во него не би било лошо да понесете и дополнително парче облека за да се пресоблечете во текот на долгото патување.Како да се спакувате за вашето патување

  • Дополнителни компоненти кои ќе ви бидат неопходни:

  • Фото апарат или камера
  • Спреј против комарци
  • Ханзапласт
  • Чадор
  • Друштвени игри
  • ем-пе-3 плеер
  • Очила за сонце

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Теа Reply

    Нема подобар од мене во пакување за неполн час! :)
    Супер совети :)

  2. Виктор (zuberot) Reply

    Што сѐ може да собере во обичен ранец:

Остави коментар