Како да се претставите на вашиот онлајн профил за да привлекувате девојки?

Како да се претставите на вашиот онлајн профил за да привлекувате девојки?

Науката открива на што девојките најдобро реагираат кога ги разгледуваат профилите на своите пријатели од спротивниот пол на социјалните мрежи.

Ако сте висок, нека се гледа тоа

Висината им е битна на девојките. Според некои истражувања мажите кои се високи 188 сантиметри или повеќе имаат многу поголеми шанси да договорат состанок со девојка во споредба со оние кои немаат повеќе од 173 сантиметри. Девојките висината потсвесно ја поврзуваат со силата, здравјето и добрите гени и затоа повеќе ги привлекуваат високите момци.

Немојте да се смеете на фотографијата на профилот

Истражувачи од Универзитетот Колумбија направиле истражување за тоа како девојките реагираат на различни профил-фотографии и заклучиле дека оние кои се смеат на нив добиваат помалку внимание. Мажите со сериозен и горд израз на лицето им биле попривлечни. Научниците претпоставуваат дека тоа е поради тоа што насмевката може да укажува на социјална послушност и преправање, а девојките не го ценат тоа.

Сликајте се со музички инструмент

И музичките способности се поврзуваат со добрите гени во женскиот мозок. Сликајте се со некој инструмент, па дури и да не сте најдобриот свирач на светот. Тоа жените го сметаат за секси, а тоа го потврдува и фактот дека при едно истражување мажите кои додале фотографија со гитара трикратно го зголемиле бројот на Фејсбук пријатели.

Облечете црвено

Истражувањето на Универзитетот Рочестер потврдува дека оние кои носат црвени кошули се перципирани како посекси од страна на женскиот пол. Оние кои биле облечени во спортска облека или во сини кошули поминале нешто полошо од оние во црвено.

Скратете го своето име

Според податоците на еден американски сајт за запознавање, кратките и скратените имиња доста подобро поминуваат од долгите. Тоа значи дека ако ја напишете кратката форма на вашето име ќе делувате дури за 69% попристапно за припадничките на понежниот пол.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар