Како да се откажете од лошите навики што ве исцрпуваат?

Дали постојано се чувствувате изнемоштено и исцрпено, а не разбирате зошто? Тоа се случува бидејќи луѓето обично имаат навики што им ја трошат целата енергија од кои не знаат како да се откажат. Но, решението е многу едноставно само треба најдете волја за да го изведете. Далај Лама сметал дека постојат 10 главни работи што ни ја крадат енергијата и тој понудил решение за секоја од нив. Во продолжение прочитајте за што станува збор…

Како да се откажете од лошите навики што ве исцрпуваат?

1. Исполнувајте ги вашите ветувања

Не давајте ветувања што не можете да ги исполните. Можеби сакате да оставите добар впечаток и да бидете фини, но поради тоа може да си ја уништите добрата репутација. Доколку дадете некому ветување, мора да го исполните!

2. Одбегнувајте ги токсичните луѓе

Многупати нашата желба да им помогнеме на другите, нѐ доведува до непријатни ситуации, постојано добиваме жалби од другите луѓе и опкружени сме со негативна енергија. Дружете се само со позитивни луѓе и одбегнувајте ги токсичните.

3. Плаќајте си ги сметките на време

Никогаш немојте да должите нешто некому. Секогаш враќајте си ги вашите долгови на време. Однесувајте се со другите онака како што би сакале и тие да се однесуваат со вас.

4. Научете да простувате

Луѓето кои одбиваат да простат, страдаат. Наместо да се труете себеси со омраза, простете и продолжете понатаму, без разлика дали некој ја заслужува вашата прошка или не. Направете го тоа за си дадете себеси мир. Ќе се почувствувате како да сте симнале некој тежок товар.

5. Фокусирајте се на она што го сакате

Понекогаш мора да правиме работи што не ни се допаѓаат, но кога имате можност, одложете ги обврските што не сакате да ги правите и фокусирајте се на оние што ви причинуваат задоволство.

Како да се откажете од лошите навики што ве исцрпуваат?

6. Има време за сѐ

Има време и за одморање и за работење. И двете се подеднакво важни и потребни во животот. Никогаш не го заборавајте тоа.

7. Не бидете во хаос, преродете се!

Доколку сакате вашиот живот да тече мирно, не останувајте заглавени на едно место. Почнете со тоа што ќе си ја преуредите собата или ќе си го средите плакарот. Вашиот дом е одраз на вашата енергија, а хаосот го блокира нејзиниот природен тек. Ако сакате да си го прочистите умот, почнете со тоа што ќе го исчистите хаосот во вашиот простор.

8. Соочете се со конфликтите

Немојте да се криете од конфликтите. Доколку нешто ви пречи, изјаснете се и отстранете го тоа од вашиот живот. Не чекајте решението да ви падне од небо. Тоа обично се наоѓа токму пред вашите очи, само треба да погледнете убаво.

9. Грижете се за вашето здравје

Дури и најгенијалниот ум не може да функционира без добро здравје. Луѓето кои се грижат за нивното физичко и психичко здравје се многу посреќни. Одвојте доволно време за да се грижите за вашето тело.

10. Дозволете му на животот природно да тече

Вие сте дел од сѐ и сѐ е дел од вас. Престанете да се расправате со животот, прифатете го и следете го текот на настаните. Не заборавајте само дека вие управувате со бродот.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар