Како да се ослободите од стресот во новата година?

Менувањето на лошите навики и нивното заменување со добри, не е едноставно бидејќи промените се тешка задача. Потребно е огромно количество енергија и силна волја за да направите коренити промени, кои ќе го променат вашиот начин на живот, на подобро.

Но, што ако големите промени бараат сосема мало внимание и се инкорпорирани во вашите секојдневни активности, така што би било невозможно да ги заборавите? Можеби звучи премногу добро за да биде вистинито, но ако се потрудите да вклучите барем една од следниве пет практични навики во вашето секојдневие, ќе се чувствувате хармонично и значително ќе го намалите вашиот стрес.

1. Додека ги четкате забите – очекувајте денот да ви биде позитивен

Додека ги четкате вашите заби, помислете на три работи со кои треба да се соочите во текот на денот. Речете си „со задоволство ќе отидам на состанокот/ручекот/родителската средба…“ Убедете се себеси дека ќе бидете добро расположени и љубопитни во врска со настаните кои очекувате да ви се случат во текот на денот, наместо да бидете критички настроени и да размислувате негативно. Ако ги негувате вашите позитивни емоции, ќе го отфрлите стресот кој го чувствувате во вашето тело и ќе го пресретнете денот со оптимистички дух.

Како да се ослободите од стресот во новата година?

2. Додека се туширате – ослободете се од вашите грижи

Додека се туширате, помислете на три грижи кои ве измачуваат во последно време. „Уловете“ ја секоја мисла која ви проаѓа низ вашиот ум, дефинирајте  ја и потоа ослободете се од неа, замислувајќи си како таа си „заминува“ преку водата, низ одводот. Ако не го ослободите вашиот ум, грижите можат да ве прогонуваат во текот на целиот ден. Затоа, создадете си навика да ги оставате вашите грижи дома, за си дадете шанса да ги започнувате вашите денови со свеж старт.

Како да се ослободите од стресот во новата година?

3. Додека го пиете вашето утринско кафе – уживајте!

Додека ја голтате првата голтка од вашето тазе сварено утринско кафе, вдишете од убавата миризба и почувствувајте како вкусната топла течност поминува низ вашето грло. Помислете си „Ах, животот е убав“ и запомнете дека со секоја нова убава навика, го подигнувате вашиот дух и си помагате себеси да ве следи добро расположение во текот на целиот ден.

Како да се ослободите од стресот во новата година?

4. Додека го ставате клучот во бравата – вдишете длабоко

Длабокото вдишување и издишување е клучот за релаксирање на вашето тело и успокојување на вашиот ум. Додека го ставате клучот во бравата, застанете за момент, вдишете длабоко преку стомакот и испуштете го воздухот, бавно испуштајќи го преку устата. Правете го ова секој ден кога го напуштате домот и збогувајте се со стресот.

Како да се ослободите од стресот во новата година?

5. Кога ќе ја ставите главата на перница – заблагодарете се

Кога ќе легнете во кревет, непосредно пред да заспиете, направете умствен преглед на вашиот изминат ден и помислете на три работи за кои сте благодарни што ви се случиле. Премотајте го целиот филм на ситуациите, така што повторно ќе го доживеете истото искуство во вашите мисли. Задржете се на убавите мисли и замислете си дека вие сте сунѓер, кој ги впива фантастичните спомени. Да се биде благодарен за убавите работи кои ви се случуваат во животот, е навика која треба да ја стекнете. Повикувајте ги позитивните мисли секоја вечер пред спиење, во текот на три седмици и неизбежно ќе ја воочите позитивната промена во вашиот живот.

Како да се ослободите од стресот во новата година?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар