Како да се ослободите од психичката болка која ви била нанесена?

Во животот секој доживува некаква повреда, физичка или психичка. Психичките повреди може да бидат нанесени преку навреда или кажан лош збор, скршено срце, губење важна личност во вашиот живот и сл. Болката може да биде поголема или помала, некогаш може да достигне и до степен на траума. Еве некои совети за тоа како побрзо да се ослободите од повредата и лошото чувство:Како да се ослободите од психичката болка која ви била нанесена?

Дефинирајте ја вашата болка

Еден од најтешките чекори е да допрете до коренот на проблемот. Што е она што направило да се чувствувате повредени? За некои луѓе е тешко да сфатат што е тоа што им нанесува болка, како на пример партнери кои трпат насилство или опсесивна врска затоа што се плашат да ја увидат ситуацијата во која се наоѓаат, се плашат да го напуштат партнерот поради ниско ниво на самодоверба или очај кој се јавува при помислата дека нема излез. Секогаш има излез, само треба да бидете искрени кон себеси. Што е тоа што ве повредило, или сè уште ве повредува? Не плашете се да размислувате на оваа тема, со избегнување на проблемот нема да најдете решение.

Изразете ја болката

Нема гаранција дека личноста која ве повредила ќе сака да ве ислуша или дека воопшто ќе бидете во можност да ѝ се обратите, а дури и да ве ислуша никој не ви гарантира дека би постапила онака како што вие сакате. Сепак изразете ја вашата болка, кажете го она што ве мачи. Доколку не сте во можност да зборувате со него/неа, напишете го она што го чувствувате. Психолозите често советуваат да ги напишете вашите чувства на обичен лист хартија. Никој нека не го прочита напишаното, важно вие сте сумирале која е вашата болка и како се чувствувате и многу полесно ќе извлечете заклучок и поука. Клучно е да не се поставувате себеси како жртва, туку како храбра личност која владее со ситуацијата.

Останете во сегашноста

Навраќање во минатото и постојано размислување за она што поминало може да прерасне во зависност. Со постојани прашања од типот: Зошто се случи тоа? или Каде погрешив јас? само се измачувате себеси. Што и да требало да направите не може да го направите сега. Само губите време и уште повеќе се уништувате себеси. Мора да се борите против враќањето назад со мислите. Кога и да ви дојде желба да размислувате за минатото, не дозволувајте си го тоа. Не може да ја оживеете ситуацијата и да ја поправите. Она што може да го направите е да најдете среќа во сегашниот момент.

Престанете да ја раскажувате приказната

Раскажувањето и зборувањето за она што ви се случило може да ви изгледа како начин да ја разберете ситуацијата или можеби само барате утеха или некој да ви каже дека не сте направиле ништо лошо. Вистината е поинаква. Постојаното раскажување на случката само ви создава немир и ве навраќа во минатото. Ве тера да го живеете животот базиран на спомен од минатото кој ќе ја контролира вашата сегашност и иднина. Нема да најдете ни мир ни среќа со задржувањето до таа болна приказна, но можете да се ослободите од лошите спомени и да направите место за нови и поубави.

Простете си себеси

Можеби самите сте ја креирале ситуацијата која ви донела лош исход, а можеби туѓото влијание било поголемо. Како и да е, се обвинувате себеси. Вие заслужувате да си простите самите на себе и да се ослободите од чувството на гнев и каење. Тоа е единствен начин да си го подобрите животот и да се ослободите од болката.Како да се ослободите од психичката болка која ви била нанесена?

Не дозволувајте ѝ на болката да стане ваш идентитет

Не сте одговорни за она што ви се случило во минатото, но имате целосна одговорност за вашите постапки во сегашноста. Зошто да дозволите некој кој ве повредил во минатото да има целосна контрола над вас сега? Не дозволувајте болката да стане центар на сите збиднувања во сегашноста. Градете ги вашата сегашност и иднина од светла точка наместо да ги базирате на лошото искуство.

Поврзете се со личноста која бевте порано

Не е лесно да се ослободите од болката особено доколку сте ја задржале во себе подолго време. Помислете на тоа какви бевте пред да ви се случи лошото искуство, вие би можеле да бидете таа личност повторно, личност која не чувствува болка и омраза. Фокусирајте се на она што сте и она што не би сакале да бидете. Размислете кои би биле  последиците доколку би се задржале во таква огорчена ситуација.

Фокусирајте се на нештата кои ви носат среќа во моментов

Не мора веднаш да се ослободите од целата болка, всушност заздравувањето е процес кој бара време. Но, може да се фокусирате на она што ве прави среќни сега. Дали излегувањето на сонце или шетањето на вашето куче ќе ве направи среќни? Тогаш направете го тоа! Направете си место за среќа и уживање сега, во овој момент.

Споделете ја среќата со луѓето околу вас

Луѓето најчесто се изолираат кога чувствуваат болка, но наместо осаменоста одберете да бидете со вашите најблиски. Бидете меѓу луѓе, излезете со вашите пријатели. Вие немате обврска да бидете повредени цело време. Така ќе имате помалку време да се измачувате себеси. Можеби одвреме-навреме ќе натиснат лошите спомени, но доколку имате некаква преокупација или сте опкружени со позитивни личности, ќе ви биде многу полесно отколку да бидете сами.

Мора да сфатите дека секој во одреден период од својот живот бил повреден. Но исто така, мора да сфатите дека не сте должни да страдате и да се уништите себеси поради болката. „Болката е неизбежна, страдањето е сопствен избор.“


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар