Како да развиете фотографско памтење за 30 дена?

Сите сакаат да можат да памтат сè што ќе видат. За жал, не сите се раѓаат со таква способност. Со овој трик, ќе ги стигнете оние со добра фотографска меморија, за само 30 дена.

Како да развиете фотографско памтење за 30 дена?

Што ви е потребно:
  • темна соба
  • јако светло
  • книга
  • картон отсечен во форма на еден пасус од книгата

За оваа техника треба да одвојувате по 15 минути секој ден. Во текот на првиот месец, на вашите очи ќе им бидат потребни по 5 минути за да се приспособуваат за читање на дневна светлина.

1. Најдете темна просторија во вашиот дом, во која можете да бидете сами, без никој да ви го одвлекува вниманието 15 минути. Можете да ја користите бањата. Во просторијата треба да има јако светло.

2. Сместете се блиску до прекинувачот за светлото. Земете ја книгата и парчето картон в раце.

3. Покријте ја страницата, оставајќи отворен само еден параграф од книгата. Држете ја книгата пред вас. Затворете ги очите и потоа отворете ги. Прилагодете ја оддалеченоста од книгата, така за вашите очи да можат лесно да се фокусираат на напишаното.

4. Изгасете го светлото. Ќе видите сјајна репликација од параграфот во воздухот, додека очите ви се привикнуваат на темнината. Пуштете го светлото повторно на секунда и пак изгасете го.

5. Ќе ви се создаде визуелен отпечаток од материјалот кој бил пред вас претходно. Кога овој отпечаток ќе избледи, пуштете го светлото пак за делче од секунда и погледнете во пасусот.

6. Повторувајте го овој процес сè додека не успеете да се сетите на секој збор од пасусот по ред. На крајот ќе бидете во можност да го прочитате целиот пасус од отпечатокот кој е запишан во вашиот мозок.

Важно е да не се обесхрабрувате додека трае процесот. Оваа техника функционирала за војската 70 години. Редовно практикувајќи ја, ќе ја развиете до степен што ќе можете да ја примените во секој дел од денот.

Напомена: Прескокнувајќи само еден ден, може да го пролонгира процесот и да бара дополнителен тренинг во времетраење од цела недела.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар