Како да преживеете смртоносен пад од голема висина?

Иако падовите не се една од најчестите причини за смрт како што се срцевите заболувања и ракот, сепак годишно се случуваат околу 420.000 смртни случаи предизвикани од падови ширум светот. А кога станува збор за смртни случаи предизвикани од повреди, тие се на второ место по сообраќајните несреќи.

Како да преживеете смртоносен пад од голема висина?

Повеќето од нас најверојатно нема да се најдат во ситуација каде што би имало можност да паднат од голема висина, но добро е да бидеме свесни дека тоа се случува многу почесто одошто мислиме. Од таа причина, многу е важно да знаеме како да преживееме смртоносен пад. Не верувате дека тоа е возможно? Возможно е, само треба да знаете како!

Браќата Алсидес и Едгар Морено чистеле прозорци и секој ден го поминувале гледајќи ги од високо забрзаните улици на Менхетн. Тие сосема добро си ја вршеле својата работа сѐ додека не добиле задача да чистат прозорци на зграда со 47 ката. Кога се качиле на скелето, тие забележале дека не е стабилно и одеднаш целата структура попуштила и браќата паднале надолу. За жал, Едгар починал веднаш штом паднал на дрвена ограда. Меѓутоа, Алсидес бил најден во сосема поинаква состојба.

Како да преживеете смртоносен пад од голема висина?

Докторите што пристигнале го нашле Алсидес жив и свесен. Тој објаснил дека неговото преживување се должи на неговата техника: Тој лежел мирно и се држел на платформата додека паѓал. Тоа им било кажано и на другите работници доколку дојде до најлошото можно сценарио. Но, ако паѓате од голема висина и немате скеле за коешто би можеле да се држите, што треба да направите? Постојат неколку техники кои навистина можат да ви го спасат животот.

Иако поголемиот дел од повредите предизвикани од паѓање се случуваат во домашни услови, а не од згради, добро е да знаете како да паднете доколку некогаш се најдете во таква ситуација.

„Падовите имаат три фази: Иницирање, спуштање и судар. Дознавме дека падовите кај возрасните најчесто се случуваат во текот на стоењето и одењето. Само 3% од падовите се предизвикани од лизгање, а 21% од нив се предизвикани од сопнување. Дури 41% од падовите се случуваат поради неправилно префрлување на тежината“, објаснил доктор Стивен Робинович од факултетот за инженерска наука на Универзитетот Сајмон Фрејзер.

Како да преживеете смртоносен пад од голема висина?

Во случај на паѓање, најважно е да знаете што да направите. Најпрво, многу е важно да ја заштитите главата. Потоа, повеќето експерти советуваат да се тркалате и да се обидете да се наместите така што помеките делови од телото ќе го апсорбираат главниот удар од падот.

Чак Којл, експерт за боречки вештини, советува дека треба да посегнете по подот со рацете. Чак им дава инструкции на професионалните актери за тоа како да паѓаат правилно на сцена.

„Пренесете ја тежината на листот, бутот и задникот и стркалајте се на надворешната страна од ногата, наместо да паѓате наназад“, советува Чак.

Звучи ризично и на овој начин можете да си го скршите рачниот зглоб, но подобро скршен зглоб отколку скршен колк!

Како да преживеете смртоносен пад од голема висина?

Покрај овие техники, луѓето кои се изложени на ризик од паѓање треба да ги отстранат лизгавите теписи, да вградат безбедносни решетки во туш кабината и да се погрижат скалите да им бидат добро осветлени.

Освен тоа, многу е важно да внимавате. Ако го чепкате телефонот додека одите, можете да се изложите на разни опасности, особено ако немате добра рамнотежа. Исто така, треба да се грижите за вашето тело. Тоа значи дека треба да ги зајакнете мускулите особено оние во пределот на стомакот и нозете. Треба да водите сметка и за исхраната и да јадете производи што ќе ви ги зацврстат коските. Овие мерки можеби ви се чинат очигледни и здодевни, но полесно е да се кажат отколку да се спроведат на дело.

Иако можеби нема да се најдете во ситуација како онаа на Едгар и Алсидес Морено, постојат големи шанси дека ќе ви се случи нешто посекојдневно како што е паѓање во туш кабината. Токму затоа, многу е важно да бидете подготвени!

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар