Како да престанете да им љубоморите на другите?

Како да престанете да им љубоморите на другите?

Можете многу да кажете за една личност според начинот на кој таа реагира во однос на туѓата среќа и успех. Многумина изгледа дека многу лесно може да се почувствуваат како да се под закана кога ќе забележат личност на која подобро ѝ оди во одредена област од животот. Тие едноставно не можат да бидат среќни за неа, па наместо тоа чувствуваат љубомора и завидливост.

Како да престанете да им љубоморите на другите?

Она што многумина можеби не го знаат е дека во коренот на љубомората се наоѓа ниската самодоверба. Таа е еден вид самозаштитување. Секој може да се почувствува љубоморен на различни видови успеси, само затоа што едноставно тие не ги почувствувал/а на својата кожа. Но, сепак има начини на кои можете да се изборите со оваа состојба. Клучот лежи во перцепцијата. Тоа е вашето осудување кон себе во споредба со другите. И покрај тоа што љубомората може да биде природен одговор за многумина, таа никогаш не е здрава ниту пак од корист. Погледнете ги следниве совети кои можат да ви помогнат да ја намалите љубомората во вашиот живот…

Прифатете ја својата љубомора – Таа е природна и едноставно се случува. Бидете искрени за своите чувства и за вашето повредено его кога ќе видите како другите луѓе прават нешта кои и вие посакувате да можевте да ги правите…

Обидете се да избегнувате да се споредувате – Потсетете се себеси дека сите се на различен пат во животот. Сите ние имаме силни и слаби страни, но тие не нè дефинираат како индивидуа во целост. Погледнете ја вредноста во себе без притоа да мора да се чувствувате супериорни кон другите.

Претворете ја љубомората во инспирација – Вистината е дека се чувствувате послабо затоа што некој друг го постигнал она што вие не сте успеале. Токму ова чувство може да доведе до љубомора, но исто така може да поттикне и инспирација и мотивација. Наместо да се депримирате од туѓите постигнувања, помислете „Ако тие можеле, можам и јас“ и одеднаш работите ќе ви тргнат во подобра насока.

Давајте комплименти за туѓиот успех – Обидете се да развиете навика да делите комплименти за успехот на луѓето околу вас, дури и тогаш кога тоа не ви се допаѓа. Славете со нив и бидете среќни за нивната среќа. Ова е многу поздрав и помалку стресен начин отколку омразата.

Обрнете внимание на вашиот „рефлекс за завидливост“ – Понекогаш постои мудрост во љубомората и завидливоста. За кои нешта најчесто љубоморите? Одговорот на ова прашање може да ви посочи на кои области од вашиот живот треба да обрнете повеќе внимание.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар