Како да престанете да бидете магнет за погрешни мажи?

Лошата љубовна врска е нешто што жените не можат да го видат. Потребата од љубов кај нив е толку силна, што тие речиси не ги согледуваат реално работите. Ако тоа го забележат вашите пријатели и семејството, вие најпрво ќе негирате. Многу жени сметаат дека најважно е до нив да имаат некој кој ги сака. Но, доколку сакате да го живеете животот со вашиот партнер за кој отсекогаш сте сонувале, треба да прекинете да ги привлекувате погрешните мажи. За да го направите тоа, анализирајте ги вашите претходни лоши љубовни врски, но трудете се да не бидете емотивни, туку објективни и непристрасни. Но, пред сѐ, најпрво е потребно да препознаете одредени знаци кои сигнализираат на лоша врска.

Како да престанете да бидете магнет за погрешни мажи?

Лошата врска, за жал, е лоша од почеток, па сѐ до крај, и покрај тоа што ова е тешко да се признае. Иако знаците се појавуваат уште на самиот почеток, во природата на човекот е да ги игнорира. Сите лоши врски имаат еден или повеќе од следниве знаци:

  • Мажот ве напаѓа физички или вербално.
  • Тој сака да ве контролира и вие постојано внимавате да не го разлутите. Не е насилен, но имате страв од него.
  • Се однесува премногу заштитнички кон вас. Тој е себичен и постојано ги следи вашите постапки, а се труди да ве оддалечи од семејството и пријателите.
  • Двете страни се борат кој да доминира. Во една врска треба и двајцата да бидете еднакви, наместо да се борите за тоа кој ќе доминира повеќе.
  • Аргументирањето доведува до повеќе недоразбирања и карања, наместо до заедничко решение.
  • Врската ви се заснова на тоа кој ќе постигне повеќе.

Како да престанете да бидете магнет за погрешни мажи?

Не е до тебе, до мене е

Во некои случаи лошата врска не се заснова само на негативните работи. Жените се состануваат со некои личности за да ги задоволат другите или пак, да си го олеснат минатото. Еве кои знаци предупредуваат на тоа.

  • Тој буквално прави да сте нервозни. Секогаш кога ќе го погледнете вие чувствувате одбивност, вртоглавица, болка во градите и слично.
  • Не му верувате. Чувате тајни од него, не сакате да имате секс и од кој било друг би побарале емоционална поддршка, само не од него.
  • Забрането е да го користите зборот „Не“. Или кога ќе го кажете, тоа не се почитува.
  • Тој останува во врската само поради секс, пари, убавина. И вие тоа го прифаќате.
  • Врската станува досадна. Па вие едвај преживувате во неа.
  • Врската е решението за вашите проблеми од минатото. На пример, ова е случај кај оние кои се соочуваат со малтретирање од нивниот татко, па бараат заштита во некој маж.

Како да престанете да бидете магнет за погрешни мажи?

Како да престанете да бидете магнет за погрешни мажи?

Дали се пронајдовте во некои од прикажаните знаци? Бидете објективни и храбро прифатете го вашиот одговор. Ако веќе можете да го признаете тоа, тогаш погледнете ги овие начини кои ќе ви покажат како да престанете да ги привлекувате погрешните мажи во вашиот живот.

1. Паузирајте од состанувањето. Наместо тоа, фокусирајте се на некоја корисна активност. Искористете го времето да ги анализирате вашите претходни врски и направете план за следната. Изградете доверба да се чувствувате целосни и исполнети, без за тоа да придонесува некој маж до вас.

2. Променете ги вашите ставови. Нервозни, несигурни, љубоморни, недоверливи… Сето ова е причина да не го задржите партнерот до вас. Не потценувајте и не осудувајте никого. Уживајте додека трае моментот.

3. Научете да си простите себеси. Што и да се случило во претходните врски, не дозволувајте тоа да влијае на сегашноста. Без разлика кој е виновен, простете си и влезете подготвени во новата врска.

4. Кога ќе сфатите каде се движат работите, бидете претпазливи. Размислете кон што може да водат некои ситуации, па отворено зборувајте за тоа, за да бидете сигурни дека нема да се повторат истите работи од минатото. Секако, треба да имате можности и за промени.

5. Променете го видот мажи со кои се состанувате. Анализирајте ја врската со вашите бивши, а потоа осигурете се дека наредниот маж со кој ќе се состанете ќе нема некои од нивните карактеристики кои ви сметале.

6. Побарајте совет од вашите пријатели. Секому му е потребна поддршка при раскинувањето на лошата врска, па овде многу може да ви помогне разговорот со вашите пријатели.

Значи, имајте предвид дека треба да добро да размислите пред да прифатите врска со првиот човек што ќе ви покаже внимание. Не заборавајте да поставувате прашања и одвреме-навреме потсетувајте се на вашите минати неуспешни врски. Вложувајте во тоа да станете подобра личност и настојувате да ги отстраните грешките од минатото во што е можно поголем дел. Тоа е единственото нешто што треба да го направите за да добиете стабилна, здрава и трајна врска.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар