Како да препознаете дали токсични луѓе манипулираат со вас?

Секому му се има барем еднаш случено да не може да направи разлика помеѓу пријателска поврзаност и намерна манипулација со која другата личност го држи во своја близина. Исто така, секој жив човек може да издвои најмалку едно лице од својата непосредна близина за кое е свесен дека не е добро друштво.

Препознајте дали токсични луѓе манипулираат со вас и ослободете се од нив

Што точно прави една личност да биде токсична?

Ваквата личност може да се крие во вашиот партнер, во некој од најблиските пријатели, па дури и во семејството. Првите знаци ќе ги забележите по тоа што откако ќе поминете време со нив, се чувствувате изморени, празни и негативно настроени и тоа се повторува цело време.

Овие лица не знаат да дадат вистинска поддршка, ниту пак се емоционално стабилни, но можат да ве убедат дека ви се вистински пријатели и дека нивното мислење е релевантно. Толку лесно глумат и манипулираат, што некогаш можете сами да се забележите дека имате потреба од нив, иако сте свесни дека по средбата ќе бидете емотивно и енергетски исцедени.

Тие се секогаш осудувачки настроени, имаат специфични потреби и никогаш не преземаат одговорност, ниту пак се извинуваат за непријатните ситуации.

Препознајте дали токсични луѓе манипулираат со вас и ослободете се од нив

Како може да влијаат врз вас?

Токсичните личности имаат неверојатни моќ и талент да ве уверат дека тие се во право, до степен што може да се случи да ги браните нивните непромислени постапки, дури и по цена самите да се понижите. Тие го крадат уживањето од нештата што ги сакаме, а често влијаат и на односите што ги имаме со другите луѓе.

По некое време ќе забележите дека правите нешта што не ви се допаѓаат, но прават да бидете прифатени од нив. Кога ќе дојде тоа, веќе сте западнале во мрежата на хаос, лажење, манипулација, критика и желба за контрола на другиот.

Препознајте дали токсични луѓе манипулираат со вас и ослободете се од нив

Препознајте ги знаците

Многумина не се свесни дека се манипулирани додека не стане предоцна. Искрените луѓе ќе ве охрабрат, ќе ви дадат поддршка или ќе ве советуваат. Токсичните, пак, ќе ви кажат што е најдобро за вас и ќе ве убедат да ги послушате. Затоа, потребно е да ги препознаете точните знаци.

  1. Игра на обвинување – ќе ве стават во незавидна ситуација, нема да се извинат, но и ќе најдат начин да ве обвинат дека вие сте ги натерале на нешто.
  2. Изолирање – поминувате предолго време со нив, а на сметка на тоа намалувате со другите контакти. Ним им треба вашето целосно внимание и не сакаат да го делат со други. Не се чудете ако ве обвинат дека поради вашето дружење со други тие немале кому да се јават дека не им е добро или останале сами дома.
  3. Внимавате како се однесувате покрај нив – не знаете кога може да избувнат, па затоа кога сте околу нив, внимавате како се однесувате и што зборувате. Едноставно, не сте тоа што сте.

Препознајте дали токсични луѓе манипулираат со вас и ослободете се од нив

Чистење на отровот

Во даден момент жртвите на токсичните личности се освестуваат и сè им станува јасно, а тоа често завршува со целосно прекинување на контактот. Постои ли начин целосно да се заштитиме од повторно паѓање во нивните игри?

Наглото прекинување на контактите може да резултира со вознемирување од нивна страна. Затоа, подобро е прво да го намалите го контактот, да ја исклучите лажната блискост и да го зачувате нивниот број во именикот. Во меѓувреме посветете се повеќе на луѓето кои не ве измачуваат, а при повторен обид некој токсично да влијае на вас, пристапете од сосема нова перспектива.

Вистина е дека тие повторно ќе се обидат, но вие веќе ќе имате поставено граници. Во зависност од тоа каков е односот со личноста, така и ќе ги дефинирате тие граници, со тоа што многу полесно е да се дистанцирате од некој кој ви бил пријател, отколку со поранешен партнер со кој имате деца или пак со колега од работа. Сепак тоа не е невозможно.

Закрепнете и научете да бидете позитивни

Отстранувањето на токсичната личност е голем пресврт во животот. Може да се спореди со труење со храна, кога отровите веќе се исфрлени од телото, но вие сте изнемоштени и ви треба уште некој период за да ја вратите силата. Исто ќе биде и кога се во прашање овие луѓе.

Во текот на тоа закрепнување ќе имате моменти кога ќе ви недостига таа личност, но кога ќе се опкружите со фини луѓе, кои не осудуваат, туку поддржуваат и советуваат, процесот ќе станува сè полесен. Ваквиот чекор ќе направи еден ден да бидете горди за своите одлуки. А токсичните? Тие ќе најдат послаба личност од вас и повторно ќе се „закачат“ за некого.

Запознајте ги и 6-те вида токсични луѓе со кои не треба да започнувате врска.

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар