Како да преговарате за повисока плата?

Без разлика дали барате работа, па допрва треба да преговарате за висината на вашите месечни примања или пак веќе долго време работите и сметате дека заслужувате покачување на платата, на ваквите ситуации не треба да им се плашите, туку треба да знаете како да се справите со нив.

Како да преговарате за повисока плата

Преговарање за прва плата

Доколку сте дојдени на прво интервју, не спомнувајте ја платата, освен ако немате силна причина за тоа или доколку работодавачот не ве праша за вашите очекувања за месечните примања.

Доколку работодавачот ве праша колкава плата очекувате доколку се вработите на тоа работно место, немојте да го избегнувате одговорот, бидејќи на тој начин ќе оставите впечаток дека не знаете да си ги процените вашите способности или дека немате јасен став за работното место.

Предложете почетна плата за која би објасниле дека ќе работите додека не се докажете дека работата ви легнала, но дека со зголемувањето на вашето придонесување за компанијата, очекувате да се зголемат и вашите примања.

Барање за покачување на платата

Пред самиот состанок со шефот важно е добро да се припремите. Сумирајте ги вашите достигнувања и успехот во компанијата и поткрепете го секој исказ со докази. Размислете што вашиот шеф би можел да ве праша или да ви приговори за вашето барање и спремете си одговори.

Запрашајте се „Што доколку ме одбие?“ и размислете дали сте толку незадоволни што ќе посакате да ја промените работната средина доколку вашиот предлог за зголемување на платата биде одбиен. Секогаш е добро да размислите однапред дали е вистинското време да побарате покачување со оглед на вашиот моментален квалитет на работење и положбата во која се наоѓа компанијата за која работите.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар