Како да постигнете максимална концентрација?

Некогаш е многу тешко да се остане сконцентриран, дури и кога тоа е многу потребно. Губењето концентрација може да ви се случи во различни ситуации, на пример додека слушате некакво предавање на факултет или на работа, кога зборовите што ги слушате веднаш ви се лизгаат од сеќавањата и не паметите многу од она што сте го чуле. Може да изгубите концентрација додека читате или учите нешто важно. Сигурно ви се има случено да останете со часови над книга, а на крај да покажете слаби резултати.

Како да постигнете максимална концентрација?

Причини за губење на концентрацијата:

  • Кога не сте подготвени да учите
  • Кога материјалот е тешко сфатлив
  • Ви недостига интерес за она што го учите
  • Немате точна и прецизна цел што сакате да постигнете
  • Има преголема врева или бучава околу вас
  • Имате премногу обврски
  • Емоционални проблеми
  • Премореност
  • Страв од неуспех

Како да постигнете максимална концентрација?

Како да останете сконцентрирани?

1. Одберете го вистинското време – доколку работата или учењето не ви е итно, а вие очигледно не сте сконцентрирани, подобро одложете го за друг пат, бидејќи нема да ги постигнете најдобрите резултати. Најдете време за работа кое вам ви одговара, на пример многу студенти преферираат учење во подоцните вечерни часови бидејќи тогаш се посконцентрирани.

2. Одберете место – одберете просторија во домот каде нема бучава и можете да се сконцентрирате или пак учете во читална или во библиотека. Многу е важно местото да е мирно и никој да не го одвлекува вашето внимание, а доколку имате поголеми проблеми со останување фокусирани на нештата, пробајте читање во природа или купете си зелена ламба за во соба, бидејќи зелената боја ќе ве опушти и релаксира, а исто е добра за концентрација.

3. Отстранете ги работите кои ве деконцентрираат – расчистете го просторот околу вас, тргнете сè што ви ја одзема концентрацијата, развијте позитивен ментален статус кон работата и зацртајте си цели.

4. Соберете ги сите потребни материјали – сите книги, учебници, скрипти и копии, сè што ви е потребно нека стои пред вас за да не мора да станувате за да земете нешто, така само дополнително губите концентрација. Останете фокусирани и сè што ви е потребно имајте го при рака.

5. Направете план – поделете ја работата во помали целини и маркирајте ги деловите кои сте ги завршиле. Правете јасни белешки, обрнете внимание на клучните зборови и подвлекувајте ги најбитните работи кои мора да ги запаметите.

6. Бидете мотивирани – помислете кои би биле придобивките од добро завршената работа, мотивирајте се да работите повеќе со цел да го добиете она што го сакате.

7. Бидете активни – концентрацијата ви е потребна во многу сфери во животот, затоа научете како брзо да се сконцентрирате на одредени работи. Бидете активни, правете вежби. Доволни се 5 минути телесни вежби наутро и 5 минути телесни вежби навечер пред легнување.  Вежбите нека бидат лесни, тие пред сè имаат за цел да ве опуштат.

8. Соодветен сон – спијте цврсто, тоа е клучен фактор од кој зависи вашата концентрација. Доколку имате проблем со несоница, избегнувајте конзумирање кофеин или гледање телевизија 2 или 3 часа пред да заминете во кревет. Пијте топло млеко пред легнување и спијте во темна просторија со изгаснати светла.

9. Вежби за мозокот – внимавајте на исхраната, внесувајте витамини, и тренирајте го вашиот мозок, така ќе научите полесно да се концентрирате.

10. Правете паузи – На секој саат или два, правете пауза од учењето или работата, излезете на воздух, но внимавајте паузите да не се долги и секогаш да знаете каде сте застанале и од каде треба да продолжите. После паузата направете мала промена на местото на учење, на пример од една соба во друга или од биро на кревет и сл.

11. Изолирајте се од надворешниот свет – не проверувајте имејл, исклучете го телефонот, едноставно заборавете на сè друго и сконцентрирајте се на работата.

12. Ладен туш и кофеин – кога крајниот рок за завршување на работата се наближува, останете присебни и не паничете. Кога ќе добиете ужасна желба за сон, одете под ладен туш или напијте се јако кафе.

13. Пресметки кои ќе ве остават будни – често луѓето губат концентрација или ги фаќа сон додека возат, особено ако возат навечер по долг автопат. Во тој случај самите терајте се да останете будни, пробајте да се сетите што сте купиле претходниот ден, кога последен пат сте биле на шопинг и колку пари сте потрошиле. Правете пресметки колку километри сте поминале и уште колку ви остануваат, најважно е мозокот да ви биде активен.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    Фала на советите. Ќе го применам ова кога ќе учам билогија -.-

Остави коментар