Како да подготвите здрав појадок за само 5 минути?

Од само 5 состојки можете да направите дури 3 здрави појадоци и тоа за само 5 минути. Овие магични состојки за здрав и брз појадок се: путер од кикирики, банана, јаворов сируп, грчки јогурт, белки од јајце и овесни снегулки. Соодветно комбинирани, тие можат да највкусниот оброк во вашиот ден. Како да подготвите здрав појадок за пет минути?

Појадок број 1

Изгмечете една банана и измешајте ја со 250 грама овесни снегулки. Од смесата направете топчиња и ставете ги во микробранова печка на 1 минута. На крај прелијте ги со путер од кикирики.

Појадок број 2

Во мала керамичка чинија ставете половина банана и изгмечете ја, потоа 3 лажици овесни снегулки и 1 лажица јаворов сируп. Убаво промешајте и ставете ја чинијата во микробранова печка на 90 секунди. Кога колачот ќе биде готов, извадете го од керамичката чинија и прелијте го со мешавина од 1 лажица грчки јогурт и јаворов сируп.

Појадок број 3

Одвојте 125 грама овесни снегулки и прелијте ги со 250 милилитри вода, па ставете ги во микробранова печка на 2 минути. Потоа додајте 3 белки од јајце и една исечкана банана, убаво промешајте и вратете ја смесата во микробрановата печка на уште 2 минути. Погледнете го следново видео и дознајте повеќе за овие здрави и едноставни појадоци:


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар