Како да почнете да штедите дури и ако сте голем потрошувач?

Сите сме свесни зошто е важно штедењето пари. Прво, тоа е основниот и најважниот чекор кон финансиската независност. Второ, заштедените пари може да се најдат кога работите ќе тргнат на лошо или пак, ако се појават некои неочекувани трошоци. Трето и последно, важно е да знаете како да управувате со вашите финансии за кога навистина ќе има потреба од тоа, да можете да подигнете кредит.

kako-da-pochnete-da-shtedite-duri-i-ako-ste-golem-potroshuvach-kafepauza.mk

Па како да почнете со штедење? Погледнете некои од овие техники и трикови кои доколку правилно ги примените, сумата на вашите сметки ќе се зголеми.

1. Кажете им „Не“ на продолжените гаранции

Секогаш кога купувате нешто сакате да бидете сигурни дека сте купиле квалитетна роба која ќе ви служи повеќе месеци или години. Како резултат на ова сигурно сте во искушение да го продолжите и рокот на гаранцијата, кој не е ништо друго освен трошење повеќе пари. Ако не сте несмасни, немате потреба од продолжување на гаранцијата. Доколку не сакате да користите нешто повеќе од една година, речиси сигурно ќе купите нешто ново иако старото сè уште функционира.

2. Купувајте постара електроника

Ова е одличен начин да заштедите пари, а истовремено да добиете добри продукти. Обично плаќате многу повеќе за нешто бидејќи е производство на некој познат бренд. Причината за тоа е мислењето дека колку е брендот попознат, толку поквалитетна е робата. Не мора секогаш да ги имате новите модели на смартофони или таблети. Ќе имате одличен продукт, а ќе платите значително помалку. Лошата страна на ова е што нема секогаш да бидете во чекор со најновите модели, но за една година ќе можете да ги најдете за многу пониска цена.

3. Направете си неделен предизвик

Многу корисен трик за штедење е неделниот предизвик. Сè што треба да направите е да одредите сума која секоја недела ќе ја тргате настрана. На крајот на секоја недела дуплирајте ја сумата. На пример, ако почнете со 50 денари, на крајот на првата недела ќе имате 50, на крајот на втората 100, на крајот на третата 200 и така натаму.

4. Научете да бидете трпеливи

Трпеливоста е многу важна и тоа со добра причина. Кога станува збор за штедење пари, може да заштедите многу доколку сте трпеливи. Како прво оваа особина ви дава можност да најдете подобар продукт за пониска цена. Потоа, можете да чекате да почне некоја распродажба, па тогаш да го купите она што ви треба. Исто така, многу продавници нудат попуст доколку купите повеќе продукти наеднаш, па подобро е да зачувате пари и да купите неколку работи што ви се потребни, притоа трошејќи помалку пари.

5. Зачувајте пари на превоз

Многу пари се трошат за превоз без разлика дали станува збор за гориво или пак, плаќање такси. Можете да се договорите со колегите од работа да одите со еден автомобил, или пак ако трошите премногу пари за такси, почнете да го користете јавниот превоз. Доколку не ви се допаѓаат овие опции секогаш можете да инвестирате во велосипед кој покрај превозот одличен е и за вашето здравје.

6. Откажете ги непотребните претплати

Многу пари се трошат на претплати за работи кои не ги ни користите. Затоа ограничете се само на една претплата која навистина ви е потребна во текот на месецот.

7. Не давајте пари за брендови

Сигурно плаќате многу за нешто бидејќи е бендирано, но всушност таа роба има висока цена без некоја причина. Можеби сакате добар телефон или компјутер и би дале повеќе пари. Сепак тоа е инвестиција која ќе ве служи неколку години. Но, кога станува збор за полначи, кабли, слушалки и слично, подобро е да најдете нешто со поприфатлива цена.

8. Избегнувајте да јадете надвор

Еден начин да извршите финансиско самоубиство е честото јадење по ресторани. Иако можеби уживате во добро приготвената храна и во услугата, сепак е важно да ја практикувате трпеливоста која ја спомнавме погоре. Многу е поевтино и поздраво сами да си ги подготвувате оброците. Денес има безброј веб-сајтови и видеа кои ќе ви помогнат со готвењето, па шансите да не ви успее ручекот се навистина мали.

9. Разгледајте ги апаратите кои штедат енергија

Парите кои досега ги имате зачувано може да ги инвестирате во апарати кои штедат електрична енергија. На овој начин значително ќе ги намалите месечните сметки. Може да купите светилки кои штедат или пак, инвестирајте во сончеви колектори.

Погледнете ги и овие правила кои ќе ви помогнат да заштедите.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар