Како да отворите шише без отворач?

Се собрало добро друштво, владее убава атмосфера, има пијачка… но нема отворач за шишиња. Научете ги добро овие неколку трикови за отворање шишиња без употреба на отворач и забавата нема да ви се расипе.

Како да отворите шише без отворач

Со заби

Забите се доволно цврсти да отворат шише, а можете да ги употребите така што ќе го сместите капачето помеѓу двете вилици, со горната ќе притиснете надолу, а со долната вилица ќе загризете на капачето.

Со голи раце

Сè што треба да направите за да отворите шише на ваков импресивен начин е да го забиете капачето во внатрешниот дел на раката и силно да завртите. За разлика од силното, бавното и меко завртување многу ќе боли, па затоа не се штедете.

Каков било раб

Цврстите рабови од каков било предмет во ваша близина може да ве спасат ако немате отворач за шише. Наједноставно е да го поставите шишето на работ на масата во коса положба и да удрите по капачето. Внимавајте ударот да не биде премногу силен затоа што многу лесно може да се скрши грлото на шишето.

Со запалка

Ова е доста едноставен метод. Запалката треба да ја земете во посилната рака, да ја поставите веднаш под капачето, додека со послабата рака цврсто ќе го држите горниот дел на шишето. Притиснете со запалката на капачето повеќе пати сè додека шишето не се отвори.

Со банкнота

Превиткајте една банкнота на половина, а потоа мотајте ја најцврсто што можете. На крај превиткајте ја на половина и веќе сте го добиле вашиот импровизиран отворач за шишиња. Земете ја банкнотата во вашата посилна рака и поставете ја веднаш под затворачот, а над другата рака со која треба да го држите горниот дел на шишето. Повлечете како со вистински отворач и ќе се изненадите од моќта на банкнотата.

Со клучеви

Клучевите од станот или од автомобилот на едната страна имаат еден нерамен дел којшто треба да се постави исто како запалката или банкнотата, а потоа да се притисне неколку пати додека капачето не се искриви доволно за лесно да се извади.

Со чекан

Чеканот не треба да го употребите за да удрите по шишето и така да го отворите. Од него потребен ви е само оној дел наменет за вадење шајки, само што овојпат на местото на шајката треба да го поставите капачето.

Со токата од ременот

Повеќето токи всушност и личат на отворачи за шишиња. Треба само соодветно да се постават врз капачето и да се притисне.

Со друго шише

Поставете ги капачињата на две шишиња едно врз друго, така што нема да бидат поставени како запалката или клучевите, затоа што треба да се искористи забестиот дел од капачето. Повлечете го горното шише нагоре и капачето на шишето одоздола лесно ќе излезе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар