Како да откриете за што навистина ве бидува?

Како да откриете за што навистина ве бидува?

Дали некогаш сте се запрашале за што навистина ве бидува и која е работата што целосно ве исполнува? Доколку тоа е така, еве неколку едноставни совети кои веројатно ќе ви помогнат полесно да го пронајдете тоа што уживате да го правите.

Како да откриете за што навистина ве бидува?

Не потпаѓајте под туѓо влијание

Првото нешто што треба да го направите е да престанете да ги слушате мислењата на другите за тоа со што вие треба да се занимавате. Вие сте оние кои треба да бидат исполнети и затоа треба да си ја следите интуицијата и сопствениот внатрешен глас. Можеби звучи како клише, но навистина е така. Не се плашете од ризици и не дозволувајте другите луѓе да ве обесхрабрат во исполнувањето на посакуваните цели и намери.

Бидете отворени

Доколку сметате дека ве бидува за повеќе работи, не се ограничувајте и потрудете се да ги искористите сите. Можеби сте талентирани за пишување и фотографија, па зошто да не се обидете да се надградите и во двете сфери. Што и да е, бидете свесни за талентите што ги поседувате и не дозволувајте да пропаднат.

Откријте што навистина ве интересира

Дали постојат одредени политички, општествени, религиозни, економски прашања за кои многу се интересирате? Направете листа од работите кои сакате да ги истражувате и фатете се за работа. Најдобро е да се сконцентрирате на еден или два интереса и да се потрудите да бидете одлични во нив, наместо просечни во сите.

Блиските нека ви ги посочат талентите

Понекогаш најблиските се повеќе свесни и подобро ги забележуваат талентите кои ги поседуваме. Послушајте што тие имаат да ви кажат околу тоа. И секако, не правете го тоа за да им удоволите. Послушајте ги кога навистина знаат да ви посочат во што сте добри и почнете со развивање на тие вештини.

Сетете се што сакавте да бидете како мали

Што посакувавте од срце да бидете кога ќе пораснете? Не е лошо да се запрашате и да мислите во оваа насока бидејќи токму во детството страстите и желбите се најискрени и чисти, без присуство на страв и инхибиција.

Направете список со личности што ве инспирираат

Правењето список со личностите што ве инспирираат е навистина добра идеја. Не мора да се некои познати луѓе, едноставно личности чиј живот сакате да го живеете. На овој начин, мошне лесно ќе сфатите каде ви лежат страстите бидејќи веројатно се слични со страстите на личностите на кои им се восхитувате.

Запрашајте се што би направиле доколку немате никакви ограничувања

Што би направиле доколку буквално ништо не ви стои на патот на соништата, страстите и талентите? Што ќе направите со животот ако не постојат ограничувања? Ова се одлични прашања бидејќи ве водат кон гласот на срцето. Добро е да се знаат таквите желби, дури и ако во моментот не сте во состојба да ги исполните.
На крајот, стравот од неуспех е можеби она што најмногу ве попречува во остварување на желбите и соништата, а не некоја реална пречка. Затоа, не плашете се, верувајте си на внатрешниот глас и следете си ги страстите. Само така ќе дознаете за што навистина ве бидува.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар