Како да откриете дали на вашето тело му недостасува цинк?

Како да откриете дали на вашето тело му недостасува цинк?

Постојат многу симптоми кои укажуваат на недостаток на цинк, започнувајќи од чувства на напнатост и умор кои водат кон депресија, па сè до проблемите со кожата, косата и плодноста. Цинкот е неопходен и исклучително важен за доброто функционирање на имунитет, како и продукција на антитела и лимфоцити. Токму затоа тој има клучна функција во организмот, особено при исфрлањето на тешките метали од телото.

Како да откриете дали на вашето тело му недостасува цинк?

Експертите истакнуваат дека храната богата со цинк е многу важна за доброто здравје, бидејќи дури и малиот недостаток може да предизвика проблеми поради кои е неопходно константно внесување на овој минерал во организмот. Најголемиот проблем со недостаток на цинк претставува современата исхрана на луѓето која најчесто се базира на производи кои немаат ни приближно доволно витамини и минерали.

Покрај неправилната исхрана, недостатокот на цинк се јавува и кај оние кои се зависни од никотин, како и кај оние кои консумираат големо количество кафе и алкохол. За вашиот организам нормално да функционира, потребни се од 12 до 15 милиграми дневно цинк, иако оваа количина зависи од индивидуални фактори како што се староста, полот и физичката кондиција. Кај жените, за време на менструалниот циклус има зголемена потреба за овој минерал, па токму затоа за време на овие денови треба да се зголеми неговото внесување преку исхраната.

Секако, како и со сите други витамини и минерали, така и со цинкот не смее да се претерува. Доколку внесете повеќе од 200 милиграма во вас можете да почувствувате болки во стомакот, мачнина и нагон за повраќање. Други симптоми на предозираност вклучуваат дехидрација на организмот, летаргија, анемија и несвестица, додека пак, за време на бременоста тој исто така во големи количини може да биде штетен и за плодот.

Симптомите за недостаток на цинк се:

  • Чести настинки и инфекции
  • Сувост и грубост на кожата
  • Бавно зарастување на раните, како и опаѓање на косата (вклучувајќи ги и веѓите и трепките)
  • Намален апетит и нагло слабеење
  • Тешко прилагодување на очите на мрак
  • Апатично однесување, заборавеност и депресивни чувства
  • Импотенција и неплодност (кај двата пола)

Оние кои патат од недостаток на овој есенцијален елемент можат да консумираат суплементи со додатоци од цинк. Тие особено се препорачуваат во комбинација со витаминот Б6 бидејќи заедно го намалуваат производството на хистамини, резултирајќи со намалени алергиски реакции. Овој силен и моќен антиоксиданс исто така успешно го спречува создавањето слободни радикали во очите, заштитувајќи ги од различни болести. Токму затоа за здравјето на очите се препорачуваат цинк таблети од 40 до 80 милиграми дневно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар