Како да откриете дали медот е природен или вештачки?

Лесната достапност на медот на пазарот поставува прашања за неговиот квалитет, па од голема помош е да ја познавате разликата помеѓу вистинскиот и вештачкиот производ. Иако е важно да знаете дека само со детална анализа можете да го проверите вистинскиот состав на медот, сепак постојат и некои тестови кои помагаат да го откриете потеклото на овој најприроден извор на здравје.

2-10-nachini-koi-kje-vi-pomognat-da-otkriete-dali-medot-e-priroden-ili-lazhen-www.kafepauza.mk_

1. Читањето на составот на задната страна од теглата мед е првиот чекор кој помага при изборот на квалитетен, чист мед кој во себе не содржи никакви адитиви. Односно, производителите мора да го назначат составот на медот и неговиот процент во количината.

2. Природниот мед не е леплив. Овој тест можете да го направите така што ќе го протриете медот меѓу прстите. Ако е вистински, тој би требало да се впие во кожата. Ако масата со триењето стане леплива, тој содржи шеќер и вештачки засладувачи.

3. Ставете неколку лажици мед во некој сад, а потоа загрејте го на највисоката температура во микробрановата печка. Вистинскиот мед ќе се карамелизира, додека вештачкиот ќе стане пенест и преполн со меурчиња.

3-10-nachini-koi-kje-vi-pomognat-da-otkriete-dali-medot-e-priroden-ili-lazhen-www.kafepauza.mk_

4. Неколку капки мед на тоалетна хартија, исто така ја открива чистината на составот. Односно, доколку медот после некое време не ја пробие хартијата, значи дека е чист. Од друга страна пак, оној кој содржи вода во својот состав ќе ја пробие хартијата за само неколку секунди.

5. Трикот со кој пчелите се служат во одбрана од непожелен гостин во својата кошница, како што се мравките, е сигурен тест за исправноста на медот. Затоа треба да ставите малку мед во близина на мравките и доколку е природен, тие ќе го заобиколат.

6. Водата помешана со чист мед е најлесен индикатор за составот на медот, односно чистиот мед во водата ќе се згрутчи и ќе падне на дното од чашата, додека вештачкиот ќе започне да се топи.

7. Боцкање во устата и чувство на запален јазик предизвикува само чистиот, природен мед, додека вештачкиот нема таков ефект на непцето.

1-10-nachini-koi-kje-vi-pomognat-da-otkriete-dali-medot-e-priroden-ili-lazhen-www.kafepauza.mk_

8. Намачкајте го медот на парче леб. Под чистиот мед лебот ќе стане тврд, додека лажниот ќе ја навлажни површината, секако заради големата количина вода во својот состав.

9. Помешајте малку мед со жолчка јајце. Ако медот е чист, кога ќе ја изматите жолчката, ќе изгледа како да е зготвена.

10. Чистиот мед со тек на време се кристализира, а лажниот и после долго користење го задржува течниот состав како сируп.

Лимонот и медот содржат антиоксиданси, имаат антибактериски својства и го зајакнуваат имунитетот. Погледнете ги сите предности на комбинацијата од мед и лимон.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар