Како да останете доследни на своите одлуки?

Какви се целите кои најчесто си ги поставувате себеси? Дали се реални или недостижни? Обично кога ќе донесеме некои новогодишни одлуки, забораваме на нив уште пред средината на јануари. Како да го спречиме тоа и навистина да почнеме да го живееме животот онака како што мислиме дека е добро за нас?Како да останете доследни на  своите одлуки?Мотивацискиот говорител Мајк Робинс објаснува колку е важно поставувањето цели со некаква намера.


Кои се причините поради кои не се придржувате до донесените одлуки?

  • Вашите цели се да го поправите она што мислите дека не е во ред со вас.
  • Штом ќе ги поставите, чувствувате голем притисок за да ги исполните.
  • Се грижите дека доколку не ги исполните, ќе се чувствувате како вистински губитници.
  • Не ја добивате потребната поддршка.
  • Заборавате дека одлуките ги донесувате за да ви помогнат, а не да ви предизвикуваат стрес.
  • Толку сте фокусирани на крајниот резултат што заборавате на патот кој треба да го минете.
  • Дозволувате конкуренцијата и одолговлекувањето да ве спречат.

Како да останете доследни на  своите одлуки?

Клучните елементи за да создадете цврста врска меѓу вашите одлуки и нивното остварување се:

Намера – Намерата ќе го дефинира коренот на мотивацијата и ќе ви помогне да си ги остварите целите. Вашите намери се што всушност сакате да постигнете со придржувањето до поставените одлуки, на пример, чувство на среќа, благосостојба, авторитет и сл. На пример, склопувате нови пријателства, сакате повеќе пари или добро тело, бидејќи ви се допаѓа она што би го искусиле во животот доколку ги имате. Вашите намери ќе ви покажат што точно сакате.

Цел – Поставете ефективни и остварливи цели кои ќе ви помогнат да забележите како напредувате. Не дозволувајте тоа да стане стресно за вас. Едноставно гледајте ги како планови за акција кои ќе ве мотивираат. Имањето цели ви дава јасна слика на она што го сакате, но не бидете премногу опседнати со крајниот резултат бидејќи ќе ве оддалечи од првичните намери.

Акција – Планот за акција ќе ве инспирира и ќе ве поврзе со вашата цел. Не сте направиле ништо ако имате цел, но немате никаков план за акција и за постигнување на замисленото. Одете чекор по чекор и не останувајте пасивни, имајте јасна идеја како може да го постигнете она што го сакате.Како да останете доследни на  своите одлуки?На пример, сакате да заработувате повеќе. Прво запрашајте се зошто го посакувате тоа? За поудобен живот, патувања, автомобили или сл. Потоа, која е вашата главна цел? Да заработам толку до крајот на годината. Како ќе го постигнете тоа? Ќе се борам за унапредување на работното место, ќе барам ново работно место, ќе работам на идеја за поголема заработка и сл.

Мајк Робинс советува дека е добро оваа ментална рутина да се употребува за многу работи во животот и на некој начин да ни стане навика. Клучно е да се има јасна цел за она што се посакува и начин на кој можеме да го оствариме, бидејќи сепак, на крајот сè зависи од нас.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар