Како да ослабете за 1 конфекциски број за 20 минути?

Брзиот начин на живот, во комбинација со крајните рокови за спремање испит или завршување на започнатите работни проекти, не ни оставаат доволно време секогаш да се грижиме за здравиот начин на исхрана. Тоа резултира со јадење брза храна, задржување на течностите во телото, подуеност во стомакот и непријатност, што ви доаѓа да се облечете во шатор, наместо да „ризикувате“ да го намалите бројот на алкохолни пијачки, кога конечно ќе излезете после напорната работна недела.

Како да ослабете за 1 конфекциски број за 20 минути?

За овој проблем, на помош ни излегуваат момичките од Тајланд, кои со векови наназад се мачкале со билни маски за тело, кои се одлични за чистење на нечистотиите во кожата, намалување на чувството на подуеност и зацврстување на телото. Секако, ова не значи дека ќе ослабете 5 кила со еден третман, а ефектите од овој боди врапинг ќе траат само неколку дена, но сепак е супер, доколку сакате да појдете на забава и да се чувствувате одлично!

Потребни состојки:
  • 20 грама ѓумбир
  • 80 грама куркума (азиски зачин)
  • 1 шака ориз
  • Топла вода
Начин на подготовка:

1. Истолчете ги заедно ѓумбирот и куркумата (можете да ја најдете по пазарските тезги и продавниците специјализирани за органска храна).

2. Истолчете го оризот додека не се претвори во гранули.

3. Сите состојки додадете ги во топлата вода и мешајте ги со миксер, додека не се претворат во густа паста.

4. Масирајте се со пастата по целото тело во кружни движења, обраќајќи посебно внимание на местата каде што имате масни наслаги, како што се бутовите, стомакот, колковите и надлактиците.

5. Оставете ја пастата да постои 20 минути, а потоа исплакнете се со топла вода. Потоа можете да се намачкате со хидратантно млеко за тело, по ваш избор.

Можете да ја зголемите моќноста на рецептот, завиткувајќи го вашето тело (или барем проблематичните делови) со најлонска фолија или со парчиња ткаенина.

Како да ослабете за 1 конфекциски број за 20 минути?

Ова е одличен рецепт, бидејќи ѓумбирот ја стимулира циркулацијата и го намалува задржувањето на течностите во телото, куркумата дејствува како антиоксиданс и  детоксификатор, додека пак оризот ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја вади нечистотијата од порите, до најдалечните слоеви на кожата.

Имате ли побезбеден начин да ги изгубите тие досадни килограми, кои ви сметаат да се чувствувате удобно во вашата омилена облека? Веројатно не. Затоа пробајте и споделете ги ефектите со нас. :)

Како да ослабете за 1 конфекциски број за 20 минути?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    Зошто секогаш даваат состојки потребни кои не можат да се најдат кај нас?
    😀 xD

  2. MM Reply

    Куркумата и ѓумбирот ги има да се купат по пазарчињата. И тоа мелени. Само не ми е јасно колку вода се става во ова?

    • Кафе пауза Reply

      Малку вода, колку состојките да се соединат и да формираат паста погодна за мачкање. Поздрав

  3. Ivan Reply

    a koga bi se stavala najlonskata folija, nelii koga ke se nanese smesata treba da se macka so kruzni dvizenja?

    • Кафе пауза Reply

      Со кружни движења треба да се масира додека се нанесува. Потоа секако треба да стои 20 минути.

  4. Ирена Reply

    куркума е всушност кари колку што знам јас

  5. Kate Reply

    kurkumata ne izleguva so nisto, ako sakate da imate zolta kada i zolto telo podolgo vreme povelete pravete go ova

  6. Nina Reply

    Пробавте? има резултати?

  7. Верче Reply

    дали мора да се користат толчен ѓумбир и куркума за да се направи смесата или може со мелени состојки да се прави?

  8. hm Reply

    ke pocekam nekoj da kaze za efektite bidejki kurkumata mnooogu mirisa, epten

  9. Natasa Reply

    Bev denes kupiv kurkuma i gjumbir od mar-vik prodavnicata sto se naoga vo bunjakovec, a ja ima i na zelen pazar i vo gjorce na pazarot. Prodavackata mi kaza deka imalo mnogu sto ja koristat za ovaa namena i deka se mnogu zadovolni. Srekjno :)

    • Ani Reply

      i rezultat imase li? :)

  10. katica Reply

    Sekako…se namackala i se stopila.

Остави коментар