Како да организирате максимално продуктивна недела?

Дали пред вас е недела полна со обврски и задачи? Дали вашата листа со обврски кои треба да ги завршите изгледа како да нема крај? Посакувате да ги имате работите под контрола, а со тоа да го намалите стресот? Засукајте ги ракавите и подгответе се за најпродуктивната недела досега!

1. Точно дефинирајте кои обврски треба да ги завршите

Важно е да знаете кои се обврските кои треба да ги завршите. Составувањето на must-do листа е неопходно за стресната недела што ве очекува. Ако не знаете што точно треба да направите, тогаш голема е веројатноста да не ги исполните вашите обврски. Организирањето на вашите обврски и задачи ќе ве доведе до нивно остварување. Забележете колку време од вашиот распоред бара секоја од обврските кои ги имате и според тоа организирајте го времето.

Како да организирате максимално продуктивна недела?

2. Поделете ги обврските на помали делови

Доколку вашата главна обврска за оваа недела, на пример е да му доставите на вашиот работодавец драфт од вашиот проект, тогаш вметнувањето на тоа во вашата листа со задачи не ви завршило некоја голема работа. Наместо тоа, поделете ја задачата на помали чекори. Организирајте го времето. На пример, првиот ден ќе барате извори за вашиот проект, вториот ден ќе ја организирате структурата на пишаниот материјал, потоа ќе се консултирате итн. Секоја од овие помали задачи ја има улогата на ментален координатор – знаете што сте направиле и колку далеку сте стигнале.

3. Вистински организирајте се

Мала е веројатноста дека нема да работите под стрес ако имате белешки на сите страни и документите кои ви требаат за одреден проект се сосема измешани со други со кои ни најмалку не се поврзани. Ако не знаете што каде се наоѓа и каде да го барате, губите скапоцено време. Најпрво осигурете се дека имате сè што ви е потребно и дека секој лист хартија си го „знае“ своето место на вашето биро. За таа цел хронолошкото подредување е вашиот најголем пријател.

Како да организирате максимално продуктивна недела?

4. Најдете начини да заштедите време

Секогаш постои начин да заштедите време и нерви. Побарајте соодветна софтверска програма за вашите цели, која значително ќе ви го олесни преживувањето на „пеколната недела“. Секогаш изнаоѓајте начини за заштеда на време и олеснување на вашата работа бидејќи секогаш постојат.

5. Направете распоред за извршување на обврските

Некои преферираат најпрво да ги извршат поголемите и посериозни обврски за да си го тргнат најголемиот товар. Други пак, најпрво ќе ги извршат помалите обврски за да си го „исчистат“ патот. Вие одберете го начинот кој најмногу ви одговара. Исто, доколку имате обврски чиј краен рок се наближува, не одлагајте и направете ги примарни.

Како да организирате максимално продуктивна недела?

6. Забележувајте го напредокот

Може тоа да го правите во табела каде ќе го внесувате секој ваш чекор и накратко ќе го сумирате она што е важно. Така не само што ќе имате поголема прегледност, туку и ќе се поштедите од пребарување по материјалите за некоја важна информација која сте ја внеле.

7. Поделете ги обврските според тоа кога работите најдобро

Доколку сте посконцентрирани наутро непосредно по будењето, тогаш токму тој е периодот кога треба да работите на оние обврски кои бараат од вас максимална концентрација. Доколку пак, вашата креативност е најголема навечер, организирајте го времето така што обврските кои од вас бараат креативност или логично размислување ќе ги извршувате во тој период од денот. Исто, во правењето на вашиот дневен распоред влијаат и други нешта, како на пример, во кој период од денот имате слободна и тивка просторија на располагање и сл.

Како да организирате максимално продуктивна недела?
 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар