Како да одржите константна телесна тежина?

Доколку сте задоволни со својата тежина, прочитајте ги следниве неколку совети за тоа како истата да ја одржите без голем напор.

Помалку шеќери

Најдобриот совет за одржување на константна телесна тежина е секако намаленото внесување на шеќер и целосното елиминирање на преработените производи. Препорачливо е да јадете повеќе зеленчук или да консумирајте овошја како калинки, папаја или јаболка. Мастите полесно ќе се согоруваат, а метаболизмот ќе се зајакне.

Помалку зрнеста храна

Треба да внимавате на дневното количество зрнеста храна кое го внесувате. Одлучете се за овесни снегулки, нелупен ориз, див ориз или пченица, кои се сметаат за најхранливи зрнести плодови. Исто така, најдобро е нив да ги консумирате за појадок, кога енергијата ви е навистина потребна.

Стабилно ниво на шеќер во крвта

Она што може да го дестабилизира нивото на шеќер во крвта може да биде прескокнувањето на оброците, намаленото внесување протеини, стресот или несоницата. Кога ќе се намали нивото на шеќер во крвта се чувствувате зашеметено, исцрпено и нерасположено. За да не дојде до ова, јадете регуларно и при секој оброк консумирајте околу 15 грама протеин.

Како да одржите константна телесна тежина?

Зелен зеленчук

Зелениот зеленчук е полн со хранливи материи и истовремено позитивно влијае на расположението и го намалува стресот. Нека биде вклучен барем во еден од дневните оброци.

Протеини

Основните единици од кои се изградени протеините се аминокиселните, кои пак играат огромна улога во процесите на метаболизмот. Нивното умерено внесување ве прави повитални и поотпорни на стрес.

Скробен зеленчук

Скробните зеленчуци како тиква, моркови или благ компир добро влијаат врз телесната тежина. Содржат растителни влакна, хранливи материи и вода. Ваквиот зеленчук е корисен бидејќи, покрај другото, ви ја намалува и желбата за благи работи.

Млечни производи

Многумина мислат дека млечните производи дебелеат, но тоа не е случајот со сите. Грчкиот јогурт и други нискомасни млечни производи, содржат малку лактоза, многу протеин, и ензими кои ја подобруваат апсорпцијата на хранливи материи. Исто така, тие се богати со калциум, витамин Д, магнезиум и протеин, кои пак учествуваат во топењето на мастите.

Како да одржите константна телесна тежина?

Повеќе растителни влакна

Поголемото внесување на растителни влакна ви создава чувство на ситост и ви ја намалува желбата за јадење. Тие го одржуваат нивото на инсулин и добро влијаат врз работата на срцето. Најдобро е да консумирате варен зеленчук, јаткасти и зрнести плодови.

Масти

Мастите не треба да се одбегнуваат бидејќи се важни за метаболизмот, срцето, а особено за мозокот. Консумирањето умерено количество здрави масти, ќе ви создаде чувство на задоволство и среќа.

Вежбање

Вежбањето е можеби најважниот фактор за одржување на константна телесна тежина. Не е добро само за согорување на калориите, туку и за одржување на оптимално ниво на шеќер во крвта. Најдобро е да вежбате околу 45 минути, шест дена во неделата.

Како да одржите константна телесна тежина?

Јога или медитирање

Совршено за намалување на стресот. Најдобро е јогата и медитирањето да ги практикувате пред спиење. Обидете се тоа да го правите барем 5 дена во неделата, во траење од десетина минути.

Одмор

Нека добриот сон секогаш ви биде приоритет. Се смета дека 8 часа сон се оптимални за нормално функционирање во текот на денот.

Движење

Движењето е одличен начин за задржување на телесната тежина. Ги тонира мускулите, го зајакнува метаболизмот и е одлично за срцето. Домашните работи, дневните прошетки, шопингот – сите се добредојдени. Само бидете поактивни и со тоа природно ќе останете онакви какви што сте.

Како да одржите константна телесна тежина?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. Тралалалала Reply

    Како дипломиран преведувач би требало да знаеш дека “грчкиот јогурт” е назив за кисело млеко. Преводот пред се’ бара ШИРОКО познавање на сопствениот јазик зар не?

Остави коментар