Како да одгледате емоционално издржливо дете?

Како да одгледате емоционално издржливо дете?

Целта на секој родител е да го сака своето дете и да го заштити од зло. Денес штитењето од зло вклучува и штитење од „емоционални повреди“. Стануваме посвесни за влијанието на малтретирањето и критиките врз психата на детето. Но, дали се претерува со нивното штитење?

Како да одгледате емоционално издржливо дете?

Важно е за децата да разберат дека она што го сакаат не секогаш доаѓа лесно. Ова е најдобриот начин да одгледате емоционални издржливо дете.

Премногу деца и нивните родители гледаат на успехот како нешто магично за кое или се одредени или не. Ако детето не постигне добар резултат како соучениците, веднаш смета дека не е толку паметно. Токму овде се создава рана, а вистината е дека успехот нема толку голема врска со интелигенција или талент.

Ако децата научат да се справат со неудобното чувство кога не се во право, и тоа доволно долго за да станат љубопитни за нивните грешки, тие ќе тежнеат кон созревање. Ако на пример вашето дете сака да научи да свири виолина, вашето семејство навистина ќе страда додека тоа стане реалност. На почетокот нема да звучи најдобро, но како што ќе созрева и ќе вежба, ќе се подобри и свирењето.

Вашиот син не е добар по математика… сè уште. Вашата ќерка не знае да црта… сè уште. Но, ако се подобруваат за само 1% дневно, за 70 денови ќе бидат двојно подобри. Покрај тоа, давањето награди на децата нема да им помогне. Постојаното фалење на нивната интелигенција не им помага да созреваат. Она што децата треба да го научат е вредноста од тоа да се остане со нешто тешко.

По навистина напорната работа, децата ќе бидат неизмерно среќни кога ќе ги постигнат посакуваните резултати. Тоа ќе им помогне да се чувствуваат способно и неверојатно.

Дали знаете што се случува кога му викате на вашето дете?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар