Како да одгледате деца кои ќе си го сакаат своето тело?

Како да одгледате деца кои ќе си го сакаат своето тело?

Учењето децата да си го сакаат телото е една од најтешките задачи за еден родител во денешно време. Културата во која живееме може да ги натера да мислат дека не се вредни за ништо доколку не изгледаат согласно одреден критериум, па затоа родителите мораат да се борат со тоа уште додека тие се мали. Еве што експертите советуваат во врска со тоа.

Како да одгледате деца кои ќе си го сакаат своето тело?

Сакајте си го вашето тело

Ако вие не се чувствувате убаво во вашето тело онакво какво што е, на децата им праќате порака дека сепак треба да почитуваат одреден критериум. Ако постојано велите дека сте дебел/а пред вашите деца, бидете сигурни дека тие ќе го имитираат вашето однесување.

Научете ги дека „дебел/а“ не е чувство

Ако им речете „се чувствувам дебело“ ќе им покажете дека дебелината е чувство, а не состојба. Кога ќе научат дека индексот на телесна тежина определува дали се дебели или не, а не тоа како се чувствуваат, ќе добијат и подобра слика за своето тело.

Научете ги дека слаб не значи здрав

Секој може да ослабе ако не јаде и се изгладнува, но тоа не значи дека ќе биде здрав. Објаснете им на вашите деца што значи здрав режим на исхрана и дека во најдобар случај ќе изгледаат онака како што ги направила природата. Сè друго би било нездраво.

Не изигрувајте полицаец

Научете ги да јадат здрава храна и не чувајте нездрава храна дома. Откако ќе ги научите дека пржените компирчиња и слатките се најубави на светот, џабе е да трчате по нив и да им забранувате да ги јадат. Тие ќе најдат начин да стигнат до нив додека вие не гледате.

Како да одгледате деца кои ќе си го сакаат своето тело?

Мотивирајте ги да спортуваат

Тие и бездруго се огледуваат на спортистите кои ги гледаат на телевизија, па искористете го тоа да ги насочите кон спортување. Со тоа подобро ќе ги развијат своите тела, а ќе стекнат и поголема самодоверба.

Практикувајте „здрави“семејни активности

Времето кое го поминувате задно како семејство можете да го поминете во правење и јадење многу слатки и гледање телевизија или во прошетки на чист воздух и играње во паркот. Имате избор во оваа ситуација.

Поттикнете ги да ги искажуваат чувствата пред вас

Создадете амбиент во кој вашите деца ќе можат да ги искажат чувствата пред вас без да се плашат од нешто. Во случај да имаат сомнеж во врска со начинот на кој изгледа нивното тело, тие ќе можат да дојдат кај вас и да ви се доверат, а со тоа ќе ви дадат можност да интервенирате навреме и на најдобар можен начин.

Немојте да бидете негативни

И секако, негативните коментари не смеат да излезат од вашата уста. Дури и да мислите дека вашето дете може да изгледа подобро, тоа чувајте си го за себе. Ништо не може да го погоди толку силно како негативниот коментар на родителот. Тоа ќе му ја уништи сликата која ја има за своето тело и самодовербата сосе неа. Потребен е тактичен пристап кој детето ќе го насочи на правиот пат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар