Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини?

Кога ги гледаме тесните фармерки на моделите во списанијата, што изгледаат толку самоуверено додека ни ги покажуваат најновите трендови, едноставно не може да не ни се појави желба и ние да посакаме да ја направиме истата комбинација. Но, кога ќе се соочиме со реалноста, почнуваме да размислуваме дека само оние девојки со „совршени пропорции“ можат да изгледаат добро со тесни фармерки. За среќа, тоа е далеку од вистината. Ние денес ќе се обидеме да ве убедиме дека и вие би можеле да изгледате одлично и прекрасно со овој модел фармерки, без разлика на вашите облини.

1. Побарајте ја вистинската големина

(1) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини? (2) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини?

Одбирањето облека со погрешна големина е најлошото нешто што можете да го направите, бидејќи на тој начин ќе ги истакнете оние делови од телото што всушност сакате да ги прикриете. Ова најчесто се случува со фармерките. Не купувајте помал број, бидејќи стегањето нема да направи да изгледате послаби. Никој не може да ја види големината на фармерките однадвор, а ако купите премал број за вас, тие ќе ги нагласат вашите бутини и ќе предизвикаат стомакот да ви изгледа непривлечно.

2. Обидете се со среден и висок струк

(3) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини? (4) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини?

За наша среќа, фармерките, панталоните и здолништата со низок струк веќе не се во мода и нивното место на врвот на модната листа го заземаа оние со среден и висок струк. Овие модели на фармерки совршено ќе ги нагласат најдобрите делови од вашата фигура и ќе ги скријат сите недостатоци околу половината.

3. Бојата има големо значење

(5) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини? (6) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини?

Фармерките во класична темна сина боја што немаат други нијанси на бои ќе направат вашата фигура да изгледа визуелно потесна. Од друга страна пак, овие фармерки не само што се есенцијален дел од секој гардеробер бидејќи одлично се совпаѓаат со најголем дел од вашата гардероба, туку се и многу женствени и елегантни.

4. Бидете креативни со слоевите и текстурите

(7) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини? (8) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини?

Одбирајте кошули, џемпери, блејзери и јакни што ќе завршуваат над средината од вашите колкови. Ова ќе ви помогне да ја балансирате вашата силуета. Исто така не се плашете да користите модни додатоци и секогаш играјте си со различни текстури. Ова може да ви биде од огромна корист затоа што ќе ги скрие сите несакани делови за кои се грижите. Кардиганите, наметките и кимоната се многу стилски избор и ќе направат да се чувствувате и изгледате најдобро досега.

5. Нагласете го струкот

(9) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини? (10) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини?

Воопшто не е чудно што фигурата на песочен часовник се смета за најженствена и најатрактивна фигура. За да ги добиете потребните пропорции на долниот и горниот дел од вашето тело, обидете се да го нагласите струкот. За оние што преферираат класичен стил, каишот е најдоброто решение. Ако повеќе сте заинтересирани за спортска облека, кошулите и џемперите коишто се врзуваат кај половината се совршени за вас.

6. Одберете ги соодветните обувки

(11) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини? (12) Како да одберете соодветни тесни фармерки ако сте девојка со облини?

Високи и полни потпетици, мажествени чизми или високи чизми ќе ви создадат „тежок изглед“. Одберете елегантни обувки во неутрални бои или изберете боја што е иста како онаа на вашите фармерки. Избегнувајте ги обувките што изгледаат масивно и со многу ленти бидејќи визуелно ќе ја „скршат“ вашата фигура.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар