Како да одберете облека за вашето бебе?

Бебешката облека е премногу слатка, а самото нејзино купување им пружа големо задоволство на новите родители. Сите родители сакаат да ги облекуваат децата според нивниот вкус, па така честопати нивниот моден стил се пренесува и на нивните деца. Облекувањето на бебето е своевидна игра особено за мајките, но постојат и работи на кои треба да обрнете внимание при купувањето гардероба за малечкото. Како да одберете облека за вашето бебе?

Големината на облеката за бебето

Новороденчињата растат многу брзо во првите месеци од нивниот живот. Можеби вашите пријатели и роднини кои имаат мало детенце, ќе ви ја подарат облеката која ја надраснало нивното дете и ќе забележите дека таа е сè уште нова и неносена. Тоа ви кажува дека не треба да претерувате со шопингот за вашето новороденче, бидејќи потоа ќе ви биде жал што бебенцето само неколку пати го облекло слаткото комплетче кое сте му го купиле. Затоа, кога купувате облека, секогаш гледајте да биде за 2-3 броја поголема од вашето дете. Па така, купувањето облека за 6 до 9-месечно бебе, кога вашето бебе е старо 3 месеци, ќе ви биде многу мудра одлука. Најдобро е да не купувате многу облека за новороденчето.

Боја на бебешката гардероба

Како што сите знаеме, розовата боја е резервирана за девојчињата, а сината за момчињата. Но, доколку бебето е сè уште на пат, најдобро е да купувате облека со неутрална боја. Никогаш не можете да бидете сигурни кој пол ќе бидете детето, додека не го родите. Некои родители пак, не ни сакаат да знаат однапред. Затоа, одличен избор би биле светлите тонови како што се светложолта, светлозелена, боја на лаванда, светлопортокалова и сл.Како да одберете облека за вашето бебе?

Купете дневна и ноќна гардероба

Поделете ја облеката на дневна и ноќна. Одберете полесна облека за преку ден и подебела за навечер. Додека спијат, на бебињата не треба да им биде ни премногу топло ни премногу ладно, бидејќи во спротивно можете да имате проблеми со заспивањето. Секако, облеката треба да биде соодветна и на годишното време, без оглед на тоа колку добро ја одржувате температурата на вашиот дом во текот на годината.Како да одберете облека за вашето бебе?

Избор на соодветна ткаенина

Купувајте облека од меки материјали. Бебешката облека мора да биде удобна. Најдобро е да одбирате облека со голем процент на памук во составот, со цел кожата на вашето бебенце да може да дише. Погрижете се материјалот да не ја гребе неговата нежна кожичка. Острите рабови на фустанчињата можат да предизвикаат иритации. Без разлика колку цената на гардеробата да ви изгледа примамливо, попаметен избор е да купувате облека со добар квалитет, бидејќи таа подолго ќе трае. Во случај да планирате уште едно дете, тоа дефинитивно ќе може да ја наследи.

Перење на новата облека

Кожата на бебињата е многу почувствителна од кожата на возрасните и е склона на иритации. Секогаш перете ја новокупената облека пред да го облечете вашето бебе во неа. Не знаете колку долго таа облека седела во бутикот и собирала прашина и колку мајки детално ја пипкале. Освен тоа, перењето ќе ја направи облеката помека и поудобна за вашето бебенце.

Видови облека

Производителите на облека за бебе најчесто се многу претпазливи при нејзината изработка, но сепак има работи на кои треба да обрнете внимание. Никогаш не купувајте облека на која копчињата, монистрата или други детали се лабаво сошиени/залепени. Тие детали бебето може да ги откорне и да ги пика в уста.Како да одберете облека за вашето бебе?

Чорапчиња за бебе

Чорапите се од голема важност за бебето. Некои родители не им купуваат чевличиња на новороденчињата, но чорапите се задолжителен дел од неговата гардероба, особено доколку бебето е родено во студените месеци од годината. Пазете ластикот на чорапите да не биде премногу јак. Доколку забележите дека на нозете на бебето има трага од стегнат ластик, тоа значи дека тие чорапи веќе не треба да му ги облекувате.Како да одберете облека за вашето бебе?

Бидете практични

Иако е многу возбудливо купувањето бебешка облека, сепак немојте да претерувате во тоа. Имањето бебе значи многу трошоци за родителите. Затоа, размислете двапати пред да потрошите многу пари на гардероба. Размислете дали вашето бебе ќе ја носи. Иако некои работи може да ви изгледаат премногу неодоливо, сепак секогаш треба да го изберете она што е најсоодветно и најсигурно за вашето бебе.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар