Како да носите црно во лето, а да не изгледате депресивно?

Како да носите црно во лето, а да не изгледате депресивно?

За повеќето девојки летото е период кога се вадат најшарените, најдречливите и највпечатливите парчиња од гардероберите, кои со душа чекаат да ги вклопат во откачени комбинации. Сепак, има девојки кои не сакаат да ја напуштат црната боја за време на најтоплиот период од годината. Еве како да го задржите вашиот стил – избирајте и комбинирајте ја црната облека во согласност со летниот амбиент.

Како да носите црно во лето, а да не изгледате депресивно?

Кратки пантолончиња и мини здолништа – Ограничете се на црна облека за надолу, која нема да ви ги покрива целосно нозете. Краток шорц или сукњичка е доволно за да бидете задоволни дека ја носите вашата омилена боја, додека истовремено ќе им овозможите на вашите нозе да апсорбираат витамин Д.

Како да носите црно во лето, а да не изгледате депресивно?

Проѕирни парчиња облека – Носете црно во лесна варијанта, од проѕирни материјали, како овој плетен фустан. Материјалите кои изгледаат како да дишат, веднаш асоцираат на лето, дури и кога се во потемни нијанси.

Како да носите црно во лето, а да не изгледате депресивно? Како да носите црно во лето, а да не изгледате депресивно?

Покажете кожа – Ако сакате да носите црно од глава до пети, тогаш треба да избирате модели на облека со отсечоци. Така, иако се црни, овие целосни пантолони со отворен грб и „V“ отвор се одличен избор за летните излегувања.

Како да носите црно во лето, а да не изгледате депресивно? Како да носите црно во лето, а да не изгледате депресивно?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар