Како да не се здебелите за велигденските празници?

Како да не се здебелите за велигденските празници?

Велигден е прекрасен христијански празник и е одлична прилика да се одморите, да уживате со семејството и пријателите, но и за да нафрлите некој килограм. Доколку се плашите дека ќе се здебелите од богатата велигденска трпеза, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да не дојде до тоа.Како да не се здебелите за велигденските празници?Не прескокнувајте го појадокот. Деновите започнете ги со незасладен зелен чај, а потоа каснете некоја овошка, како на пример грејпфрут, кој е одличен за забрзување на метаболизмот. Доколку обожавате јагоди, каснете не повеќе од една до две шаки за појадок, но секако без шеќер и шлаг.

После четириесетина минути од појадокот изедете една шака сирови бадеми. Вака наранети веројатно ќе бидете доволно сити за да можете да издржите да не грицкате ништо до ручекот.

Пред да седнете на празничната трпеза, испијте една чаша вода со неколку капки исцеден лимонов сок. Може да се напиете и минерална вода, но секако подобра е обичната без меурчиња.

За време не ручекот, ставете си во чинијата од сѐ што ви се допаѓа, но по малку. По малку! Тоа значи на пример половина шницла, два ќебапа и едно крилце, но затоа на салатата, варениот или печениот зеленчук, велигденските јајца и салатите можете слободно да се нафрлите.

Важно е во чинијата да ставите сѐ што сте планирале да јадете, за да имате увид во количината. Исипувањето едно по едно е опасно за вашата тежина, бидејќи на тој начин не знаете колкава количина всушност сте изеле.

Не морате да се откажете од примамливиот вкусен десерт на крајот од оброкот. Откако ќе се напиете една чаша алкохол, при што најдобро е тоа да е црвено вино, бидејќи има најмалку калории во однос на останатите алкохолни пијалаци, можете да каснете и половина парче торта или еден мал колач.

Кафето ќе го забрза варењето на храната, а доколку после јадење ги измиете забите со паста која има вкус на мента, ќе ја ублажите потребата да продолжите да јадете.

До вечерата уживајте во лимонада, цеден овошен сок, зелен чај или чај од мента, а потоа бидете многу дисциплинирани. Во вашата чинија ставете само еден вид јадење, она коешто најмногу го сакате, и тоа во количина којашто е доволна за една детска порција.

Доколку имате услови за тоа, прошетајте после вечерата.

Оние коишто ќе се прејадат во некој од празничните денови, наредниот треба да пијат што е можно повеќе течности, како на пример зелен чај, вода или јогурт за забрзување на работата на метаболизмот, како и да се држат најмногу до овошјето во претпладневните часови и до зеленчукот во вечерните.

Навремено снабдете ја вашата кујна со зелка, ротквици, цитрусни овошја, марули, краставички, бидејќи тоа е храна којашто можете да ја грицкате секогаш кога ќе почувствувате глад.

Сепак, доколку овие работи ви се комплицирани за следење, немојте премногу да се тревожите околу вашата фигура, бидејќи празниците не траат вечно, а секако најважно е во нив да се чувствувате опуштено и да уживате.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар