Како да направите желе шотови (Jello Shots)?

Автор: Марија Петреска

Ако сакате да внесете свежина во вашите забави и да ги изненадите пријателите, вистинско решение за тоа се желе шотовите. Нивната подготовка е еден од најкреативните и најоригиналните начини за служење алкохол за време на вашата забава.Како да направите желе шотови (Jello shots)?Начинот на приготвување е лесен и едноставен, исто како приготвување обично желе, но со додавање на вашиот најомилен алкохолен пијалак.

Потребни состојки:

  • 1 пакетче желатин по избор
  • 1 шолја врела вода
  • 1 шолја алкохол по избор (вотка, текила, рум или друг алкохолен пијалак)

Начин на подготовка: Ставете го прашокот од желатинот во врелата вода и мешајте со лажица сè додека не се растопи целосно. Потоа додадете го алкохолниот пијалак, промешајте и овој напиток е спремен за сервирање.Како да направите желе шотови (Jello shots)?Како да направите желе шотови (Jello shots)?За сервирањето потребни ви се пластични чаши кои претходно ќе ги напрскате со масло во спреј, но доколку немате, само премачкајте ги со салфетка, претходно малку натопена во сончогледово масло. Ова е паметен начин да не ризикувате вашето желе да се залепи на пластичните чаши, а сепак воопшто нема да се насетува вкусот од претходно намачканото масло.

Кога чашите ќе бидат спремни, наполнете ги со приготвениот пијалак и ставете ги да отстојат во фрижидер 2-4 часа.

Доколку сакате да експериментирате, пијалакот може да го приготвите во најразлични бои во зависност од желатинот кој ќе го користите.Како да направите желе шотови (Jello shots)?И за крај уживајте, но и конзумирајте одговорно. :)Како да направите желе шотови (Jello shots)?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар