Како да направите свадба на отворено?

Сè повеќе парови се одлучуваат својата летна свадба да ја направат на отворено во природа, наместо во ресторан. Иако се чини дека ваквиот тип венчавка бара многу повеќе работа и планирање, тоа сепак не мора да биде случај. Доколку планирате да правите венчавка од ваков тип, морате на ум да имате неколку работи, но најважно е да бидете едноставни и максимално да го искористите просторот.

Како да направите свадба на отворено

Искористете го она што ви го нуди природата

За ваква венчавка не ви се потребни многу украсни детали, туку треба да внимавате целокупната декорација да биде во склад со природата. Тоа ви остава многу простор да бидете креативни. На пример, зеленилото и цвеќињата околу вас се доволна декорација сами по себе, па потрудете се столчињата, масите и останатиот ентериер да бидат во ист природен стил.

Размислете убаво за просторот

Сè што треба е да најдете погодно и пристапно место. Шаторите и тендите се одлично решение за која било локација на отворено, бидејќи се лесно преносливи и брзо се монтираат. Нивното изнајмување ќе ве чини многу помалку отколку изнајмување ресторан или сала. Исто така и нив можете лесно да ги декорирате.

Најважна е удобноста

Нормално, доколку се одлучите за ваков тип свадба, мора да внимавате на комфорот на гостите. Секогаш треба да имате план Б, доколку се расипе времето или пак доколку сонцето е пресилно. Исто така внимавајте во близина да има објект во кој ќе може да се користи тоалетот.

Идеи за организација и декорација

Ова се само неколку идеи кои можат да ви послужат како инспирација, за креативно да се посветите вашата свадба да изгледа како од бајките.

Како да направите свадба на отвореноКако да направите свадба на отвореноКако да направите свадба на отвореноКако да направите свадба на отвореноКако да направите свадба на отвореноКако да направите свадба на отвореноКако да направите свадба на отвореноКако да направите свадба на отвореноКако да направите свадба на отвореноКако да направите свадба на отворено

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар