Како да најдете градник кој навистина ќе ви биде точен?

Сите ние веруваме дека го носиме вистинскиот број на градник. Но, студиите покажуваат дека голем број од жените долго време биле во заблуда. Ејжа Хетн, една од специјалистите за градници во „Викторија Сикрет“ ни открива неколку работи на кои мораме да обрнеме внимание кога одбираме градник.

Како да најдете градник кој навистина ќе ви биде точен

1. Побарајте помош. „Дозволете им на специјалистите за градници да ве измерат (околу вашиот струк, веднаш под градите) и секогаш пробувајте го прво оној број кој тие ќе ви го препорачаат“, вели Хетн. „Мерењето ја открива само насоката за големината на појасот, но не и големината на корпата. И бидејќи секој градник е различен, многу е важно да откриете како секој од нив лежи на вашето тело“.

2. Бидете отворени во врска со големината на вашиот градник. „Ако носите градник со големина Д, не значи дека вашите гради ќе изгледаат исто толку големи како на Памела Андерсон“, вели Хетн. Не се фокусирајте на големината, туку бидете подготвени да се откажете од вашиот стар број.

3. Осигурајте се дека центарот на вашиот градник (делот помеѓу градите) лежи рамно (прилепено) врз вашето тело. Хетн вели дека доколку овој дел се подигнува нагоре, тоа значи дека големината на појасот е преголема за вас.

4. Секогаш кога пробувате нов градник, закопчувајте го на најопуштеното копче. „Кога го закопчувате на најстегнатото, вие автоматски ги елиминирате можностите за закопчување кога градникот по перењето ќе се опушти и прошири“, вели Хетн.

Како да најдете градник кој навистина ќе ви биде точен

5. Внимавајте корпите да не се движат. „Вашите гради не би требало да излегуваат од вашиот градник. Доколку тоа се случува, тој градник е премал за вас“, вели Хетн. „Исто така, ако има мала празнина помеѓу вашите гради и градникот, тогаш можеби би требало да ги наместите прерамките. Но, ако празнината е многу голема, тогаш вашиот градник најверојатно е преголем за вас. За тој да ви одговара совршено, секоја корпа би требало да лежи рамно врз вашите гради, без притоа да ги пресекува. И појасот околу вашето тело би требало да лежи рамно, без да прави линии на вашите страни“.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар