Како да лекувате болна менструација?

Дисменореја е називот за болна менструација која се јавува кај 50-60% од жените, а симптомите вклучуваат грчевити болки во стомакот и грбот, кои можат да бидат со различен интензитет. Болките обично траат ден-два но понекогаш се неподносливи. Многу експерти велат дека симптомите на болната менструација се одраз на нашите прехранбени навики, но и на нерешени емоционални потешкотии.

kako-da-lekuvate-bolna-menstruacija-kafepauza.mk

Покрај болките во стомакот и грбот, симптомите кои обично ја придружуваат болната менструација се гадење, повраќање, дијареја, запек, главоболка, вртоглавица, чувствителност на звуци и мириси, замор и сл.

Ако сте една од оние жени кои секој месец имаат проблем со болна менструација, ова се неколку совети кои ќе ви ги ублажат симптомите…

  • На долниот дел од стомакот или грбот ставете топол термофор или пешкир натопен во топла вода.
  • Топлиот туш исто така ќе ви помогне.
  • Погрижете се да не ве стега ништо во пределот околу стомакот. Немојте да носите тесен каиш, тесни фармерки и сл.
  • Умереното вежбање е добро доколку можете да го поднесете бидејќи ќе ви го поттикне доброто расположение и привремено ќе ви ја елиминира болката. Се препорачува јога, аеробик и пливање, односно физичка активност која активира што повеќе мускули.
  • Кофеинот и пијалаците кои содржат кофеин можат само да ги влошат болките, па затоа избегнувајте ги.
  • Можете да земате аналгетици како привремено решение за болката, но нека не ви преминува во навика. Подобро свртете се кон природните начини за да се ослободите од болките.
  • Избегнувајте мрсна и лута храна.
  • Пијте топли чаеви за ублажување на болките како јасмин, камилица, ајдучка трева… Чајот од ајдучка трева е многу популарен меѓу жените, бидејќи помага со сите тегоби поврзани со менструацијата и ПМС-от, ги ублажува грчевите, нервозата и ги смирува воспалените јајници.
  • Мешункастите плодови и зеленчукот, како и житариците, особено овесното брашно, ги ублажуваат болките и воспаленијата.
  • Ѓумбирот е одличен избор при болни менструации, а можете да го користите како чај или да изрендате свеж во чајот.
  • Намалете на солта.
  • Внесете доволно калциум во своето тело: брокули, зелка, кељ, спанаќ…
  • Колку можете одмарајте.
  • Избегнувајте слатка храна и јаглехидрати.
  • Направете блага масажа со врвовите на прстите околу долниот дел на стомакот.
  • Обидете се да се опуштите со вежби за медитација и јога.
  • Избирајте храна богата со прехранбени влакна, антиоксиданси и омега-3 масни киселини.
  • Што се однесува до течностите, секогаш подобар избор е водата, зелениот чај и природните сокови.
  • Направете си сокче од морковче или супа од моркови. Овој зеленчук може да ги ублажи менструалните тегоби.
  • Доколку сте во можност да го набавите, во исхраната вклучете кинески компир. Коренот од ова растение служи како храна, а го користеле уште Маите и Ацтеките.
  • Новите истражувања покажуваат дека витаминот Д3 може значително да ги намали менструалните грчеви, со оглед на тоа дека го спречува создавањето на простагландини, олеснувајќи ја болката.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар