Како да комбинирате повеќе парчиња накит одеднаш?

„Повеќеслојниот“ накит станува голем тренд, а колку повеќе накит ќе вклопите во една модна комбинација, толку помодерно ќе изгледате. Токму затоа што комбинацијата на повеќе парчиња стана задолжителна, чујте ги советите на дел од најпопуларните дами во модата што ќе ви помогнат при изборот.

Кејт Босворт

1-kako-da-stilizirate-povekje-parchinja-nakit-kako-vistinska-moderna-devojka-www.kafepauza.mk_

Златно правило – кога носите повеќе парчиња прстени, важно е оваа комбинација да има приказна. Значи, стилот и дизајнот би требало да бидат слични, односно, најдобро е да изберете ситни прстени кои ќе ги ставите на скоро секој прст. Секако, понекогаш покрупното парче може на вистинскиот начин да го привлече вниманието.

Каролина Иса

2-kako-da-stilizirate-povekje-parchinja-nakit-kako-vistinska-moderna-devojka-www.kafepauza.mk_

Исто како и во случајот со прстените, помалку подразбира повеќе. Со други зборови – ако носите ситни, тенки ланчиња, тогаш морате да носите повеќе и тоа со различни должини. Нека некои постепено се спуштаат по вратот и градите, додека други бидат главни, како на пример, ланчето со најголемиот приврзок.

Кјара Ферањи

3-kako-da-stilizirate-povekje-parchinja-nakit-kako-vistinska-moderna-devojka-www.kafepauza.mk_

Кога станува збор за бразлетните, без разлика какви ќе изберете – златни, сребрени, плетени, нека бидат слични по стил и дизајн, а можете да ги комбинирате потенките заедно со повпечатливите и покрупните. Интересните приврзоци исто така доаѓаат предвид.

Алекса Чунг

4-kako-da-stilizirate-povekje-parchinja-nakit-kako-vistinska-moderna-devojka-www.kafepauza.mk_

Бидете смели и ставете две ланчиња со сосема спротивен стил кој можеби никогаш не би ги споиле и тоа во комбинација со спортска блуза! Изгледа малку винтиџ, малку хипи и многу модерно!

Бехати Принслу

5-kako-da-stilizirate-povekje-parchinja-nakit-kako-vistinska-moderna-devojka-www.kafepauza.mk_

Слоевитото комбнирање на ланчињата може да биде потполно неочекувано, односно да комбинирате различни стилови и големини кои одлично се совпаѓаат. Слободно комбинирајте тотално рок чокер со нитни заедно со едноставни ланчиња со крупни приврзоци и претворете се во модерна бунтовничка.

Продолжете на следната страница за повеќе модни идеи…

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар